19 Декември, 2025
0.0405

Поголема плата во јавната администрација по заслуга - нема веќе раководител до пензија

Објавено во: Економија 27 Август, 2020 14:24

Добивај вести на Viber

Владата ќе ја намалува администрацијата, ама и ќе им ја зголемува платата на вработените во јавниот скетор кои ќе заслужат -  дополнителни пет проценти како додаток на плата по заслуга. Ова е дел од програмата на Владата за следниот мандат од 2020 до 2024 година. 

„Фокусот на Владата ќе биде состојбите да ги промениме, со промени во структурата, квалитетот и големината на администрацијата. Ќе разгледаме неколку модели за намалување на обемот на администрацијата за 20 проценти, преку спојување на функции и надлежности на институциите, пензионирање на 64 години (со споменатите исклучоци), пакети за трансфер во приватен сектор или предвремено пензионирање. Вниманието ќе го насочиме кон вработување на квалитетни кадри и нивно задржување во државната служба, развој на нивната кариера и обука, наградување и плати, мотивација, стои во програмата на Владата.

Се најавува целосна реорганизација на јавната управа, која ќе започне веќе во оваа година. Се планира да се менува ситемот и навиката да „се чека од горе“, затоа што наводно ако сите одлуки ги носи еден човек, таа институција ниту е функционална ниту одржлива. 

Нов концепт во средниот менаџмент - нема повеќе раководители до пензија! Целта е да воспоставиме нов систем за раководителите од среден ранг, заснован на темелни анализи и најдобрите европски практики, кој ќе обезбеди поголема мобилност и посилна мотивација за постигнување на подобри резултати, пишува во прграмата и се додава дека повисоки плати кои ќе бидат награда за резултат ќе добијат сите вработени во институцијата.

„Ќе можат да добијат додатоци од 5 проценти на плата доколку ги постигнат целите кои на почеток на година Владата ќе ги утврди како нивна задача. На овој начин ќе се стимулира администрацијата да го даде својот максимум, а од друга страна и јавноста и бизнисот нема да имаат впечаток дека даваат повеќе пари за одржување на скап и бавен апарат, предвидува програмата.

Сегашниот систем на 360° оценување на вработените во административната служба не го постигнал ефектот за подобрување на работата, ниту пак во однос на одговорноста на службениците. Затоа ќе се воведе систем кој ги оценува институциите наспроти формално пополнување табели и спроведување на стратешките планови и оценка на тимовите односно одделенијата наспроти спроведувањето на акциските планови.

По примерот на Естонија, премиерот ќе формира мали групи (академска заедница, бизнис-сектор, администрација) т.н SystemInnovationunits за нудење нови, иновативни решенија за системски проблеми во државата кои се провлекуваат со години.

Владата ќе нуди опција за предвремено пензионирање.

Ќе има интервенции во ДДВ, 0 персоналец за ИТ, нов данок на луксуз.

Граѓанинот ќе влегува во стечај.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд