ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена
Објавено во: Свет 26 Декември, 2024
Три бебиња починале од смрзнување во последните 48 часа во Газа.
Новородено бебе вчера починало од смрзнување во шаторите во Ел Маваси, на југот на Газа. Села Махмуд ел Фасих „починала од смрзнување поради екстремен студ“ во Ел Маваси, напиша вчера на Икс докторот Муние ел Бурш, генералниот директор на Министерството за здравство на Газа.
„Во текот на последните 48 часа Ел Фасих и најмалку уште две други новороденчиња, бебе старо три дена и бебе од еден месец, починале поради ниските температури и недостигот од пристап до топло засолниште“, изјавил за Си-ен-ен Ахмед ел Фара, шеф на педијатрија и гинекологија во болницата Насер во Кан Јунис.
Лани на 7 октомври, палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел по што почна војната.
foto EPA-EFE/MOHAMMED SABER