ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2024
УАПСЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА
Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули, сопственик на „Ритрон Копи“.
Финансиските инспектори ги открија релациите помеѓу кумановска фирма која доби 6 тендери тешки над 400 илјади евра во период од две години од државните игри на среќа.
Со потпис на директорот Перпарим Бајрами, од 2022 до 2024 година се исплаќале лажни фактури подготвени од газдата на „Ритрон Копи“, Артан Ајрули. Бајрами со народни пари плаќал телевизори, принтери, комјутерска и комуникациска опрема, која, ниту – соодвестувала, со она што го пишувало во трите договори, а ниту пак ја доставиле. Двајцата си наместиле уште три тендери.МИЦКОСКИ ОБЈАСНИ ЗОШТО СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието кажа дека службите го следеле додека беше лидер на опозицијата.
Повикувајќи се на извештај за работата на АНБ, премиерот кажа дека претходните раководства на службите го означиле како организатор на „параполициско-воено-вооружена формација“ што било основ за негово следење.
Мицкоски тврди дека една од неколкуте институции коишто треба да се занимаваат со безбедноста на државата, наместо да се занимава со безбедноста на Македонија, се занимавала со физичко следење на претседателот на најголемата опозициска партија.ГРУБИ НЕМА АЛБАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО
Артан Груби не е државјанин на Албанија. Нема ниту запис во албанскиот службен весник кој би покажал дека Груби се здобил со нивно државјанство, објавува истражувачката мрежа БИРН. Тие контактирале со кабинетот на албанскиот претседател од каде добиле потврда дека Груби нема нивни пасош.
„Артан Груби нема албанско државјанство“, изјави за БИРН, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја.
Во последниве денови се засилија шпекулациите дека Груби престојува во близина на Драч.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Појавата на финансиските проблеми значително се одразува на психичкото здравје на луѓето. Поради немање на пари, се намалуваат можностите, а со тоа расте и незадоволството. Стресот е она што ги мачи поединците кои имаат проблеми со финансии.Се зголемува бројот на луѓето заболени од сезонскиот грип. Во текот на 51-та недела односно од 16-22 декември, во Македонија се пријавени 139 случаи на заболувања слични на грип, што претставува зголемување од 17,8 отсто во споредба со претходната недела. Сепак, бројот на случаи е намален за 32,2 отсто во однос на истиот период минатата година.
Министерството за транспорт пред две недели на јавното претпријатие „Државни патишта“ му префрлило уште 7,5 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој со специјален закон е одбран да ги гради автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола.
Долгогодишниот директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, ќе остане уште еден мандат на малата но успешна ТТК Банка.