27 Декември, 2024
0.0283

На каде оди Германија? На анкетите за премиер води жена што сака да ги вклучи нуклеарките, да го развласти Брисел и да ги реши мигрантите!

Објавено во: Свет 26 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Германија е исправена пред голем предизвик на претстојните федерални избори. Популарноста на крајната десница АДФ продолжува да расте, а најново е тоа дека АДФ доби отворена директна вербална поддршка и од Илон Маск, најпопуларниот меѓу пулените на новиот американски претседател Доналд Трамп. Македонија мора будно да ги следни претстојните избори и да има стратегија затоа што 40 отсто од целиот македонски извоз завршува во Германија – најголемата и најсилна европска економија.

Алис Вајдел моментално е најпопуларната германска политичарка на анкетите за иден канцелар (премиер н.з.) на Сојузна Република Германија. Ова е за прв пат во повоената (демократска н.з.) германска историја кандидат на крајно десна националистичка политичка партија да води на анкета за канцелар на Германија. Во анкетата што германскиот институт за испитување на јавното мислење ИНСА ја направи за германскиот национален весник „Билд“ на прашањето кој кандидат за канцелар би го поддржале Вајдел доби 23 отсто од гласовите на анкетираните гласачи и за прв пат го остави зад себе Фридрих Мерц кандидатот на најголемата германска партија ЦДУ (која ја предводеше Ангела Меркел на местото канцелар 16 години н.з.).

Досегашниот премиер Олаф Шолц кандидатот на германските социјалисти (СПД) има 15 отсто од гласовите, а кандидатот на „зелените“ Робер Хабек има 14 отсто од гласовите.


Вајдел е декларирана хомосексуалка која е во брак со жена и има две посвоени деца. Неодамна токму таа беше номинирана од крајната германска десница АДФ за канцелар на Германија. За прв пат на последната анкета на „Билд“ на помалку од 60 дена до претстојните избори (во февруари 2025 година н.з.) Вајдел има поголем рејтинг од Мерц.

И тука е важно да се напомене дека Мерц на последната анкета изгуби 1 отсто гласови во однос на претпоследната анкета, а Вајдел на своето конто додаде дури 3 отсто во однос на претходната анкета.

На овој линк има повеќе детали за најновата анкета https://eadaily.com/en/news/2024/12/22/alice-weidel-leads-the-ranking-of-candidates-for-the-post-of-chancellor-of-germany-bild

Кои се адутите на Алис Вајдел?

Најпрво мора да се знае дека Вајдел ја претставува АДФ крајно десна политичка партија која конкурентите ја етикетираат како целосно нетолерантна дури и ја поврзуваат со нацистичката партија која историски гледано е најголемото германско зло.

Токму заради тоа ниту една важна (парламентарна н.з.) политичка партија на германската политичка сцена не сака да коалицира со АДФ. Тоа значи дека дури и во февруари да имаат најмногу гласови тие нема да можат да направат Влада. А тоа ќе значи дека политичката партија со најмногу гласови ќе биде опозиција.

Еве ги сега трите клучни адути на Вајдел:

Прво, ако дојде на власт АДФ ќе ги вклучи германските нуклеарни централи за производсто на електрична енергија. Во фокусот на својата кампања Вајдел го става фактот дека исклучувањето на нуклеарките донесе германската индустрија и воопшто население да плаќаат највисоки цени на електрична енергија во Европа и тоа го користи како аргумент за според неа промашените владини политики за зелена односно обновлива енергија. 

Второ, Вајдел инсистира на развластување на Брисел и тука мисли на седиштето на Европската унија и особено Европската комисија како врховен орган на извршната власт на Европската унија. Таа се залага за реформатирање односно враќање на ЕУ во Европска интересна односно економска заедница (ЕЕЗ како што беше и порано н.з.).

Таа постојано аргументира односно го обвинува Брисел дека носи одлуки кои се на директна штета на националните интереси на државите од ЕУ и особено поентира со германската автомобилска индустрија. А факт е дека состојбата во која се наоѓа германската автомобилска индустрија е сè потешка и нивните големи автомобилски компании затвораат погони и фабрики.

Третата работа на која ја крепи својата агенда е мигрантската политика. Вајдел предлага многу порадикални решенија за справување со либералната мигрантска политика која во последните десетина години ја води сојузната германска влада.

Повеќе детали за ставовите на Вајдел може да се слушнат на последното интервју на реномираниот светски сервис за бизнис вести „Блумберг“ достапно на овој линк https://www.bloomberg.com/news/articles/2024-12-19/scholz-s-far-right-rival-puts-germany-s-eu-exit-on-the-ballot

Зошто Илон Маск го крева рејтингот на Вајдел?

Глобално популарниот бизнисмен и мултимилионер Илон Маск кој се вклучи во политиката, и стана еден од наблиските соработници на следниот американски претседател Доналд Трамп, пред некој ден ја запали социјалната мрежа ИКС (поранешен Твитер) со својата поддршка за АДФ партијата што ја номинираше Вајдел.

Тоа од друга страна предизвика и лавина реакции, но никој не може да го оспори фактот дека „прашината што ја крена Маск“ направи голем дополнителен публицитет за АДФ и за Вајдел.

Оваа зима во Германија ќе биде политички жешка. До претстојните избори има помалку од два месеци и досега убедлив е впечатокот кај аналитичарите дека АДФ ќе си биде во опозиција. Но и ако биде така повеќе ништо нема да биде исто, затоа што гласовите на најголем број германски гласачи ќе бидат опозиција...

Н.С.

foto EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН: Moжеме повторно да ја употребиме Орешник, но не брзаме

ПУТИН: Moжеме повторно да ја употребиме Орешник, но не брзаме

ЕКСПЕРТИ ИЗЛЕГОА СО МИСЛЕЊЕ: Дали руска ракета го погодила азербејџанскиот авион?

ЕКСПЕРТИ ИЗЛЕГОА СО МИСЛЕЊЕ: Дали руска ракета го погодила азербејџанскиот авион?

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион