Покана за работните групи нема, а нафтоводот се уште не работи
Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2017 12:01
По изјавата од Владата дека работни групи ќе продолжат да ги усогласуваат разликите за функционирање на нафтоводот Скопје – Солун, Хеленик Петролеум е во очекување на покана за да назначи и испрати преговарачи, пренесува 24 вести. Работната група првпат беше спомената во изјавата од портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.
„При решенијата на цела тема водиме сметка за интересите на државата. По формирањето на политичка влада треба да се продолжат разговорите во работни групи, во позитивен дух и со добра намера со цел квалитетни решенија“, стоеше во изјавата од портпаролот Ѓоргиев.
Додека Хеленик Петролеум за работните групи првпат слушна од пренесената изјава во медиуми, изјави дека нафтоводот е подготвен веднаш да се стави во функција. Во меѓувреме од Владата две години не даваат зелено светло со образложение дека има технички проблеми за функционирање. Досега се одржани две средби меѓу Хеленик Петролеум, предводена од првиот човек Григорис Стергиулис и ресорниот министер Дритон Кучи, на кои за работни групи не е дискутирано.
Веќе 2 недели откако државата се најде на работ на нафтена криза, се поставува прашањето што е потребно за нафтоводот Солун – Скопје да почне со работа? Како што уверуваат нафтоводот е исчистен и може веднаш да биде ставен во употреба. Единствено се чека на дозвола за работа што треба да ја даде владата.
Нафтоводот Солун – Скопје престана да работи во 2013 година кога рафинеријата престана да работи, а ОКТА стана клучен увозник на гориво кој снабдува дури 70 отсто од потребите во земјава. Во меѓувреме компанијата стартуваше операција на пренамена на цефководот во продуктовод со цел пренос на дизел гориво.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




