20 Декември, 2025
0.0547

Покажете се на интервју – Три детали кои гарантираат успех

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2013 15:43

Добивај вести на Viber

Бидејќи никогаш нема да имате втора шанса за да оставите прв впечаток, прочитајте ги овие три важни совети од светските бизнис експерти, за да знаете за што треба да водите сметка кога одите на интервју за работа. Бидете фокусирани Покажете дека сте фокусирани така што ќе ги истражите клучните податоци за компанијата или фирмата во која сакате да се вработите. И најмало незнаење за фирмата е недопустливо во светот на модерна технологија. На разговорот дојдете јасно фокусирани на областа во која сакате да работите, и покажаете страст и интерес за позицијата за која аплицирате. Бидете стабилни и самоуверени Работодавците ценат ментално, емоционално и физички стабилни личности. Има многу кандидати за работа кои се квалификувани за одредено работно место, но нивниот очај и несигурност избиваат во прв план. Лош пример се оние кои толку го мразат своето претходно работно место или претходниот шеф, што имаат потреба да зборуваат само за тоа. Ниту еден работодавец не сака да слуша да зборувате лошо за претходниот шеф, бидејќи и тој сам би можел да се најде во таа позиција. Бидете профитабилни Профитабилност значи опстанок и раст, така што вашата способност да предложите начини на кои компанијата би можела да оствари дополнителен профит, е нешто што ќе ве издвои од останатите кандидатки. За да го направите тоа, прво мора да разберете како компанијата прави пари и како вашата улога во компанијата би придонела до тоа.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии