25 Ноември, 2024
0.0487

Покажи ми ги парите

Објавено во: Анализа 31 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Со завршувањето на секој квартал во САД започнува периодот “earnings season”. Време кога компаниите ќе кажат што сработиле и кога ќе ги покажат билансите на увид кај јавноста и кај инвеститорите. За секоја компанија постојат претходни очекувања кои  се потфрлуваат или натфрлуваат. Поради ова сведоци сме како акциите знаат да направат неверојатни придвижувања од 20,30,40% нагоре или надоле. Последно такво движење, како што пишувавме во Фактор направи акцијата на Фрјсбук која по изненадувачките добри вести во еден момент порасна неверојатни 25%. Во основа се е дел од големото шоу наречено NYSE или Њујоршка Берза. Освен тоа што акциите во овој период знаат да се движат како по тобоган, интересно е тоа што се прават одлични макро анализи за состојбата на компаниите, врз основа на кои може да заклучиме каква економија не очекува во периодот кој следува. Една карактеристика на сезоната на заработки е дека генерално секоја година компаниите успеваат да ги натфрлат претпоставките. Тоа е за очекување бидејќи самите компании и аналитичарите кои ги следат поставуваат пониски репери со цел финалето да делува поубедливо. Е сега тобоганот може да се случи доколку  реалноста е значително подобра или полоша од претпоставките. Како и да е, до овој момент преку 50% од компаниите покажале подобри резултати од очекуваното. Она што загрижува е дека преку 60% покажале слабост во делот на приходите. И тоа е тоа што им задава проблем на аналитичарите и е една од причините за падот на цените на акциите во изминатиот период. Друга многу интересна карактеристика е и кешот кој го има во билансите на компаниите. Овој податок е исклучително интересен од повеќе аспекти. Но, првенствено да видиме за колку тоа пари се работи. Компаниите од S&P индексот имаат неверојатни 1,5 трилиони долари ликвидни средства во нивните биланси. Оваа бројка е голема колку Шпанската и Грчката економија заедно. Зголемување од 14%, споредено со истиот период минатата година. Една од причините е несигурноста која владее во системот. Во време на спор раст, задолжени држави и избори на прагот, се чини дека никој не се брза да инвестира. Меѓутоа процесот трае доста долго и купчето пари сериозно расте. Ваквото однесување е можеби една од причините поради која во моментов нема сериозна инфлација во САД. Едноставно нема преголеми инвестиции, ФЕДот печати пари ама се чини нема кој да ги троши. На овие 1,5 трилиони долари американците (приватните лица) чуваат близу 900 милијарди долари на паричните фондови. Што би рекло некаде 2,5 трилиони долари по сефови. Пари се чини има доволно, ама засега многу не им се брза да ги трошат. Кога ќе почнат компаниите тоа да го прават економијата веројатно ќе се придвижи побрзо нагоре, но инфлацијата неминовно ќе си го бара патот. Што ќе прави Бернанке тогаш? Веројатно ниту тој не знае во овој момент. Главна грижа за сите во овој момент е сите кој ги имаат да ги покажат парите, баш онака како што Куба Гудинг бараше од Том Круз во Џери Мегваер. Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.