05 Декември, 2025
0.0988

Полека се искоренува бруцелозата од Македонија

Објавено во: Агробизнис 05 Декември, 2012 11:46

Добивај вести на Viber

Во Македонија годинава биле евидентирани 112 грла добиток болни од бруцелоза и вкупно 57 лица што е драстично намалување од периодот до 2006 кога бројките беа 19.000 овци и кози, како и 900 луѓе, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. За директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски, клучно за превенцијата и искоренувањето на болеста е вакцинацијата на добитокот, возрасните грла и подмладокот, што масовно почна од 2008 година, но и идентификацијата на животните која овозможи следење на нивното движење.

„За само четири години резултатите ги надминаа нашите очекувања. Во следниот период сметаме дека ќе продолжи опаѓањето на бројката заболени и дека целосно ќе се искорени бруцелозата кај животните и луѓето“, истакна Рунтевски,

Како што истакна тој, Агенцијата ја смени стратегијата што се применуваше во 2006 година и која, која давала слаби резултати, а со последнте активности освен што е редуцирана болеста, намалени се и трошоците, па заштедата достигнува до два милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?