Полесен пристапот до едукација и вработување за младите од Скопски плански регион
Објавено во: Мои пари 25 Јануари, 2013 21:42
Со потпишување на Меморандум за соработка меѓу членовите на невладината Млади инфо фејс-МК и челниците на Советот и Центарот за развој на Скопскиот плански регион , треба да им се помогне на младите полесни да се едуцираат, информираат и вработуваат.
Како што појасни Антоанета Иванова, претседател на НВО Млади инфо фејс-МК, проектот е добиен од страна на Центарот за институционален развој - ЦИРа кој ги администрира грантовите од Швајцарската агенција за развој. „Висината на грантот со кој ќе се спроведуваат активностите е околу 3 милиони денари кои ќе бидат инвестирани за јакнење на капацитетите на младите од Скопскиот плански регион. Сите активности ќе се спроведуваат во текот на целата година, од февруари до декември со надеж дека ќе продолжиме и следните години“, рече Иванова.Според програмата, планирано е најмалку 300 млади да поминат преку овие обуки, волонтерски позиции и активности кои се предвидени. Со промотивните кампањи како дел од проектот, потенцира Иванова, целна група се околу 5.000 млади луѓе кои преку средства за масовна комуникација ќе добијат информации за се она што ќе се спроведува.
Наскоро ќе биде објавен повик на кој младите ќе треба да се пријават.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker





