Добивај вести на Viber
Полицајците што работат на отворено во Скопје добија маски за да се штитат од загадениот воздух. Како што стои во соопштението од Македонскиот полициски синдикат, со цел да ги заштитат своите колеги од зголеменото загадување им поделиле над 3000 заштитни маски на најекспонираните работни позиции во градот и по полициските станици.
Загадувањето во Скопје е алармантно веќе осми ден. Владата и градот излегоа со повеќе препораки кои главно велат граќаните да избегнуваат престој на отворено.
Според временските услови, пред сабота, нема да има намалуување на загадувањето, предупредија метеоролозите, но и надлежните органи.