20 Декември, 2025
0.0433

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ОТКРИ И УАПСИ ТРОЈЦАТА СКОПЈАНИ КОИ ГО ЗАПАЛИЈА АУДИТО НА ШИЛЕГОВ - тогаш настрадаа и три други возила

Објавено во: Македонија 28 Април, 2022 14:26

Добивај вести на Viber

Полицијата ги уапси тројцата скопшјани кои го запалија автомобилот на екс скопскиот градоначалник Петре Шилегов, при што настрадаа уште три други автомобили.

„На 27.04.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј., С.Б., и С.Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 09.03.2022 во Скопје со запалива течност  предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила -  „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз“.
Денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност" по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од МВР.

Како што веќе пишувавме, возилото на Шилегов беше запалено токму на 9 март. 

Тогаш МВР потврди дека возилото претходно го паркирала сопругата на Шилегов.

На поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, тогаш рано утрото му изгорел  автомобилот марка „ауди“, а освен неговиот, се запалиле уште три возила – „пасат“, „матиз“ и „нисан“ . Причините за опожарувањето на автомобилите сеуште не се познати.

Возилото претходно го паркирала сопругата на Шилегов, потврди МВР.

„На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул. „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М. (53). Се врши увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки