Полицијата го објави бројот на кој можете да пријавите журки и групирања
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2020
Министерството за внатрешни работи објави број на кој можете да пријавите доколку некој ги крши здравствените протоколи.
Може да се пријави недозволено групирање на журки, славења дома, во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201.
„Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и меил адресата mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници“, соопштија од МВР.
Покрај пријавите, полицијата ќе прави и самостојни проверки во текот на новогодишната ноќ. За време на празниците, полиција ќе има насекаде.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.