Полицијата ќе го бара фалсификаторот на наводната оставка на Димитров
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2018
Полицијата ќе го бара фалсификаторот на наводната оставка на министерот за надворешни работи, Никола Димитров
Министерството за надворешни работи поднело пријава до Министерството за внатрешни работи и до Јавното обвинителство за злоупотреба на наводната оставка на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
„Тоа е очигледен фалсификат и злоупотреба и МВР ќе почне постапка по пријавата за да се открие вистината“ – изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Вчера во јавноста се прошири документ во кој наводно Димитров поднел оставка. По ова надлежните ја демантираа информацијата.