Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која војувала во Сирија
Објавено во: Македонија 04 Август, 2020
Уапсена e скопјанка, членка на ИСИС.
Полицијата уапси 38-годишна жена која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС.
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам поднесе кривична пријава против Л.С. од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело помагање, а во врска со кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.
Таа два пати, со умисла, заминала за Сирија, каде што зела учество во активностите на терористичката организација Исламска држава (ИСИС).
На 10 март, скопјанката e депортирана со лет од Истанбул во Скопје.
Во Македонија и досега во повеќе наврати се апсени лица кои биле дел од ИСИС.