05 Декември, 2025
0.0268

Полициски час и забрaната за музика се на сила во Солун, Халкидики, Кукуш и Лариса

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 03 Октомври, 2021 19:20

Добивај вести на Viber

Рестрикции против коронавирусот се на сила во грчките региони Солун, Халкидики, Кукуш и Лариса, бидејќи беа прогласени за „црвени“ области на грчката карта за проценка на ризикот од ковид -19, пишуваат грчките медиуми

Генералниот секретаријат за цивилна заштита објави дека од петок, 1 октомври до петок, 8 октомври, жителите во четирите региони ќе бидат обврзани да ги следат итните ограничувања, кои вклучуваат полициски час во текот на ноќта и 24-часовна музичка забрана, во напорите да се спречи ширењето на коронавирусот.

Ќе има петчасовен полициски час преку ноќ од 1 до 6 часот наутро (движењето е дозволено само поради работа и здравствени причини) и 24-часовна забрана за музика во сите кафулиња, ресторани, барови.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита потсетува дека се забранети приватни собири и настани со присуство на повеќе од 20 луѓе. Прекршителите што организираат приватни забави ќе бидат казнети со казни од 50.000 до 200.000 евра.

Грчките здравствени власти во четвртокот објавија 2.232 нови случаи на коронавирус, 326 пациенти беа на апарати, а имаше и  33 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата, вкупниот број случаи во земјата достигна 655.767. Бројот на починати од ковид-19 во Грција е 14,828.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии