19 Декември, 2025
0.0448

ПОЛИЦИСКИ И АРМИСКИ ВОЗИЛА ЌЕ ГАСНАТ ПОЖАРИ - премиерот вели „многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари“

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2025 12:33

Добивај вести на Viber

Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, при промовирањето на прва републичка противпожарна, при што беа презентирани 38 пренаменети армиски и полициски возила, за гаснење на пожари. Настанот се одржа во Кампот за обука Пепелиште. 

Мицкоски, изрази благодарност на општествено одговорните компании кои, како што рече, помогнале за ова што денеска го гледаме да биде реалност.

- Станува збор за полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени. Ја видовте демонстрацијата, видовте како денес сето тоа изгледа и можам да кажам дека многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари којашто очекуваме да се случи многу скоро, односно таа е веќе во тек, веќе се појавуваат одредени пожари на одредени делови од територијата на државата. Благодарност до сите коишто учествува во оваа активност почнувајќи од потпретседателот на Владата Димовски, министрите Мисајловски, Тошковски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на Неготино Горан Стојанов, директорот на Агенцијата за заштита и спасување Ангелов, на сите, буквално на сите коишто земаа учество во оваа процедура, во оваа пренамена на овие полициски и армиски возила коишто ќе повторам беа повеќе од осум години запуштени, незапалена - изјави Мицкоски. 

На овој начин, според Мицкоски државата заштедува неколку десетици милиони евра.

- Неколку десетици милиони евра е заштедата, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени. Патем можам да кажам дека оваа недела треба да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, третиот го очекуваме да дојде некаде до крајот на месецот или почетокот на август. По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени за справување доколку има пожари и огнена стихија, така што кога би се споредило со минатото навистина не можеме да правиме споредба оваа година - изјави премиерот.

Тој нагласи, дека во функција е и забраната без дозвола за движење во шумски предели и на планините.

- Така што кога сето ова ќе се заокружи можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од кога било во минатото да се справиме доколку има такви предизвици, се разбира - изјави Мицкоски. 

Во Кампот за обука Пепелиште денеска беше презентирана првата републичка пожарна составена од возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Станува збор за застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР, а кои се модернизирани и на кои им се инсталирани посебни резервоари за вода, пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени. 

Еве што објави премиерот на својот официјален Фејсбук профил. 



Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните