07 Октомври, 2024
0.0282

Полициски службеник му помагал на лажен адвокат да „решава“ имотно-правни спорови

Објавено во: Македонија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата: П.К.(33) од Скопје поради основано сомнение дека извршил четири кривични дела -“измама“, предвидено и казниво согласно член 247 од КЗ на РМ, и В.Б.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил исто така четири кривични дела “помагање“ по член 24 став 2 од КЗ на Република Македонија. Притоа, со сторените кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 425.800 денари.

Во периодот од март минатата до јануари оваа година, првопријавениот претставувајќи се како адвокат пред четири оштетени лица, сите негови познаници (а со тројца од нив и во роднинска врска), им ветил дека ќе им помогне во разрешување на имотно-правни спорови. За услугите во повеќе наврати им побарувал и добивал од оштетените, парични средства кои наводно ги употребувал во постапките. Нивните комуникации траеле некое време по што П.К. престанувал да го користи телефонскиот број со кој комуницирал со оштетените.

Второпријавениот, пак, инаку вработен како полициски службеник во МВР, му помагал на П.К. во извршувањето на кривичните дела. Така, според документираните сознанија, В.Б. пред оштетените кои, исто така, му биле познаници, го претставувал првопријавениот како добар адвокат и им ветувал дека споровите кои ги имаат ќе им ги заврши во нивна корист.

На 25-ти овој месец П.К. е лишен од слобода и по насока на Јавен обвинител е задржан, додека наредниот ден на 26-ти од слобода е лишен и В.Б., и предаден на судија на претходна постапка.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  во МВР по донесеното решение од страна на ОС – Скопје против полицискиот службеник В.Б. е поведена дисциплинска постапка.                                                                                                               

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил