Полицискиот службеник избоден од син на советник во МВР е контактибилен
Објавено во: Македонија 24 Март, 2019 21:17
Полицискиот службеник кој беше избоден со нож од син на советник во Министерството за внатрешни работи е во стабилна состојба и е контактибилен, објави Телма.
Филип Филиповски, вработен во управните служби на МВР, во моментот е сместен на клиниката КАРИЛ, откако во петокот со нож беше прободен од две момчиња во скопско Марино.
Еден од напаѓачите е син на Ѕвонко Цветковски, полициски советник во МВР, кој воедно е и поранешен градоначалник на општина Петровец, а беше и кандидат на СДСМ за истата функција на последните локални избори.
Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска рече дека „МВР под криминогеното раководство на Оливер Спасовски го допре дното“.
- Изминативе две години гледавме како полициски функционери на СДСМ уценуваа со ПИ мерки и минуваа неказнети, гледавме како полициски службеници убиваа и палеа луѓе, како пукаа во малолетни лица а во Шуто Оризари се пресметуваа и меѓу себе. Последниот инцидент покажа до каде забегаа злоупотребувајќи ја власта и моќта. Според информациите кои ги објавија медиумите син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избоде полициски службеник, кој бил однесен на комплексот клиники како што стои во написите и во моментот кога бил однесен бил во животно загрозувачка состојба. Полицискиот службеник се уште е во животна опасност, а за да го спасат докторите мораа да му извадат еден бубрег и слезина, рече тој.
Ѓорѓиевски посочи дека луѓе блиски до власт осилени од моменталната моќ која ја имаат дивеат насекаде низ државата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




