26 Јануари, 2025
0.0302

„ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА СФАТАТ ДЕКА СУДСКАТА ВЛАСТ Е НЕЗАВИСНА“: Дамева поднесе оставка од претседател на Судскиот совет

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата, но најави дека ќе остане член на Советот, додека ѝ трае мандатот.

Својата одлука ја соопшти во обраќање до јавноста, во кое истакна дека во изминатиот период политичари од власта правеле обиди да го нарушат нејзиниот личен интегритет.

- Нема слух кај извршната и кај законодавната власт за да се обезбеди брза и ефикасна судска власт, која треба да се обезбеди со финансии. Согласностите за 2024 година беа одбиени, финансиите скратени… Политичарите, претседателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, негативен став за судиите. И сметам дека единственото нешто што ми останува е да го зачувам мојот мир и спокојство. Затоа, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата – рече Дамева.

Од собраниската говорница политичарите правеа обиди да се наруши мојот интегритет, додаде таа.

- Премиерот Христијан Мицкоски токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некакви кланови и дека се фалсификуваат записници. Во неколку наврати, тој и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет. Сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално и стручно. Бевме посочени како тела кои треба да бидат распуштени. Во телевизиско гостување истакна и дека на нашето место треба да дојдат нивни луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. Поразително е за една демократска држава – рече Дамева.

Таа посочи и дека од пратеникот во Собрание, Антонијо Милошоски, биле изнесени закани со кривична одговорност.

Дамева се заблагодари на членовите на Советот, за кои рече дека имаат интегритет. Според неа, мнозинство во Судскиот совет се професионалци.  Рече дека најголема почит има за судиите кои не им се додворуваат на политичарите.

– Длабоко во себе верувам дека судиите се професионални и непристрасни. На тие кои не се, им порачувам: не си играјте со огнот, ја девалвирате судиската функција која не е занает и трговија, туку значи правораздавање. Очекувано е голем број судии кои правораздаваат сами да се огласуваат, а кацерот од нивните редови, сами да го отстрануваат – рече Дамева.

Според неа, политичарите треба да сфатат, дека судската власт е самостојна и независна.

Дамева истакна дека клучно за да ја донесе одлуката за повлекување биле текстовите во медиумите со кои се оцрнувала, а во врска со судска постапка во која странка е компанија на нејзниот сопруг.

Рече и дека лани, кога незаконски ја разрешија од функцијата претседател, се мислела дали воопшто да се врати во Судскиот совет.

– Долго се мислев дали да се вратам како претседател и да останам на функцијата, бидејќи знаев дека поради однесувањето на одредени членови на Советот ќе има критики и опструкции. На тие членови ставот не им бил самостоен, иако преку образложенијата, изгледало така – посочи Дамева.

Таа истакна дека одлуката ја донела за да го заштити својот углед, но и за да го заштити семејството.

На Дамева двегодишниот мандат како претседател на Судскиот совет ѝ истекува задутре, на 4.12.2024 година. Лани беше незаноски разрешена од фунцијата 8 месеци, поради што таа имаше намера мандатот да ѝ биде продолжен за толкав период, но по реакциите, таа денеска се повлече од претседателското место.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

Можеби ќе ве интересира

НА МАЛИОТ ТАДЕЈ МУ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ: родителите на ова момче бараат поддршка за да го испратат на лекување во Белгија

НА МАЛИОТ ТАДЕЈ МУ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ: родителите на ова момче бараат поддршка за да го испратат на лекување во Белгија

ДАЛИ ИМА БОРБА ЗА ПАЗАРОТ ВО ОНКОЛОГИЈА НЕ БИ МОЖЕЛ ДА КАЖАМ, ИМА ОБВИНИТЕЛСТВО: Сашо Клековски во „Бизнис муабети“

ДАЛИ ИМА БОРБА ЗА ПАЗАРОТ ВО ОНКОЛОГИЈА НЕ БИ МОЖЕЛ ДА КАЖАМ, ИМА ОБВИНИТЕЛСТВО: Сашо Клековски во „Бизнис муабети“

ЌЕ СЕ БАРА ПОГОЛЕМ РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Конфедерација на синдикати обвинува за кршење на правата на работниците, еве ги деталите

ЌЕ СЕ БАРА ПОГОЛЕМ РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Конфедерација на синдикати обвинува за кршење на правата на работниците, еве ги деталите

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖИТЕЛКА НА ГОСТИВАР ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА - хоспитализирана е во Ургентниот центар во градот

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖИТЕЛКА НА ГОСТИВАР ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА - хоспитализирана е во Ургентниот центар во градот

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

„ОСУДЕН ЗА БИЛО КАКОВ КРИМИНАЛ“: Најчевска со листа кои луѓе не смеат да бидат на чело на држава

„ОСУДЕН ЗА БИЛО КАКОВ КРИМИНАЛ“: Најчевска со листа кои луѓе не смеат да бидат на чело на држава

СЛЕДЕЛ ТИНЕЈЏЕРКА НИЗ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПА ДО ВЛЕЗ ВО ЗГРАДА КАДЕ ЈА НАПАДНАЛ - доби забрана да и се приближува

СЛЕДЕЛ ТИНЕЈЏЕРКА НИЗ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПА ДО ВЛЕЗ ВО ЗГРАДА КАДЕ ЈА НАПАДНАЛ - доби забрана да и се приближува

„НИ ХОРОР ФИЛМ НЕ МОЖЕ ДА СНИМИМЕ“: Ина Многу фина за густата магла која го прекри Скопје

„НИ ХОРОР ФИЛМ НЕ МОЖЕ ДА СНИМИМЕ“: Ина Многу фина за густата магла која го прекри Скопје

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И МАГЛА - еве какво време не очекува на почетокот на работната недела

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И МАГЛА - еве какво време не очекува на почетокот на работната недела