06 Октомври, 2024
0.0321

„Лесја Украинка“: Уште еден терористички напад на Русија врз мирните украински градови

Објавено во: Свет 08 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Режимот на Путин продолжува да го тероризира цивилното население на Украина. Денес, 8 јули, руските терористи по втор пат во еден ден прибегнаа кон масовно ракетно гранатирање. Русија изврши ракетен напад врз мирните украински градови – експлозии има во Кијив, Кривиј Риг, Днипро, Словјанск, Краматорск. Цел на непријателот се цивилните инфраструктурни објекти, станбени згради.

Руската Федерација денес лансираше повеќе од 40 ракети од различни типови врз Украина. Имаше лансирање на крстосувачки ракети од бомбардери Ту-95, беше вклучена балистика, а имаше и лансирање на ракети „Кинжал“ и „Калибар“. Само во Кијив од ракетни остатоци беа погодени жителите и објектите на цивилната инфраструктура во шест области на градот.

Русите среде бел ден го нападнаа Кијив, конкретно сметајќи на тоа што повеќе луѓе ќе бидат погодени од ударот. Прелиминарно се знае за 7 загинати и 11 повредени во Кијив, 15 загинати и 31 повредено лице во Кривиј Риг. Бројот на жртви од гранатирањето ќе продолжи да се зголемува.

Страшна карактеристика на денешниот напад е нападот врз детската болница „Охматдит“ каде секојдневно се спасуваат стотици деца со најтешки болести. Руската армија се бори против болни деца! Варварството и цинизмот на рускиот режим не познаваат граници!

Во пресрет на отворањето на самитот на НАТО, Путин повторно ја покажа варварската природа на оваа војна, неговото целосно непочитување на мислењето на меѓународната заедница и неговата фанатична желба да ја заземе Украина и да го уништи нејзиниот народ. Да ги уништи сите. Дури и мали деца.

Ако некој сè уште се сомневаше во потребата од дополнителна поддршка за Украина, денешното гранатирање е јасен доказ дека Путин не планира да запре и дека следната жртва би можела да биде која било земја во Европа.

На Украина ѝ треба високопрецизно и моќно оружје и дозвола за уништување на руските воени објекти од кои се вршат нападите. Сепак, на Запад  продолжуваат да се однесуваат кон главните руски воени аеродроми многу претпазливо.

Заедничкото со западните партнери производство на средтсва за противвоздушна одбрана е еден од начините да се спаси Украина од рускиот ракетен терор.

Западните партнери на Украина треба да разберат колку е апсолутно неопходно на Украина да ѝ се обезбедат системи за противвоздушна/противракетна одбрана, друго оружје. Ова е единствената можност да се спасат украинските градови и села од уништување, да се спасат животите на украинските граѓани.

Неопходна е долгорочна поддршка од западните партнери, која би ѝ обезбедила стабилност на Украина. Токму кон тоа се стреми украинскиот народ, повторно опоравувајќи од гранатирањето.

Без воена поддршка, моќни средства за противвоздушна и противракетна одбрана, украинските градови и села се под закана од целосно уништување.

Само обединетата, консолидираната позиција на земјите на самитот на НАТО може да ја спаси Украина и да му ја покаже на Путин подготвеноста на цивилизираниот свет да го спречи.

На Украина ѝ треба праведен мир, а не празни „мирни“ иницијативи на популистички политичари и диктатори.

Ракетните напади на Русија се предизвик за целата цивилизирана заедница. Меѓународната заедница не треба да има илузии за фиктивноста на изјавите на Путин за преговори, прекин на огнот, „замрзнување на војната“.

По ваквите постојани брутални ракетни напади врз мирните градови во Украина, преговори со Русија не се возможни. Рускиот терор врз цивилното население во Украина мора да престане.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“

И СИРИЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Поднесе писмено барање за членство во моќната економска организација

И СИРИЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Поднесе писмено барање за членство во моќната економска организација

БАНКОМАТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ КЕШ: Банките се немоќни, еве што советуваат

БАНКОМАТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ КЕШ: Банките се немоќни, еве што советуваат

ЗАБРАНА ЗА ПЕЈЏЕРИ И ТОКИ-ВОКИ НА СИТЕ ЛЕТОВИ: Авиокомпанијата Емирати со ваква одлука по нападите во Либан

ЗАБРАНА ЗА ПЕЈЏЕРИ И ТОКИ-ВОКИ НА СИТЕ ЛЕТОВИ: Авиокомпанијата Емирати со ваква одлука по нападите во Либан

ИЗРАЕЛ ГО УБИ И НАСЛЕДНИКОТ НА НАСРЛА?: Не можат да го најдат

ИЗРАЕЛ ГО УБИ И НАСЛЕДНИКОТ НА НАСРЛА?: Не можат да го најдат

НОВА ЗАКАНА ОД РЕТКА, НО СМРТОНОСНА БОЛЕСТ: Вирусот Марбург има стапка на смртност од 88 проценти, еве што треба да знаете

НОВА ЗАКАНА ОД РЕТКА, НО СМРТОНОСНА БОЛЕСТ: Вирусот Марбург има стапка на смртност од 88 проценти, еве што треба да знаете