06 Октомври, 2024
0.0249

ГИ РАЗЛУТИ ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ СО ПОСЕТАТА НА МОСКВА, НО НЕ ЗАСТАНА ТУКА: Орбан отпатува и во Кина, „Мировна мисија 3.0“

Објавено во: Свет 08 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

По ненадејната посета на Москва минатата недела, која го навлече гневот на европските лидери, унгарскиот премиер Виктор Орбан отиде на уште едно ненајавено патување, овој пат во Кина, објавија кинеските државни медиуми утринава.

„Мировна мисија 3.0“, напиша Орбан на Твитер по пристигнувањето во Пекинг, објавувајќи фотографија на која се гледа како на аеродромот го пречекува заменик-министерот за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг.

Кина е клучна сила во создавањето услови за мир во руско-украинската војна, додаде Орбан на Твитер, а во Пекинг рече дека Унгарија „силно ја цени“ кинеската мировна иницијатива во врска со конфликтот во Украина, наведува унгарската новинска агенција МТИ.

Според кинеската државна новинска агенција Синхуа, Орбан треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Неговото патување доаѓа по шпекулациите дека унгарскиот лидер може да ја посети и Кина по контроверзното патување во Москва во петокот, каде се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Овој потег предизвика вознемиреност во Европа и САД, иако Орбан рече дека неговата средба со Путин, била „мировна мисија“. За време на заедничкиот настап со Путин по разговорите, Орбан повторно повика на напори за изнаоѓање мирно решение за украинската војна.

Неколку претставници на ЕУ подоцна нагласија дека унгарскиот лидер нема официјален мандат на ЕУ да преговара со Русија и дека тоа нема никаква врска со шестмесечното претседавање на Унгарија со Европската унија, откако на 1. јули Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ.

Орбан, кој често е трн во око на Брисел по повеќе прашања, важи за најблизок до Москва меѓу лидерите на Европската унија.

Единствениот лидер на ЕУ кој беше на Форумот на појасот

Кинескиот претседател Си ја посети Унгарија како дел од неговото европско патување во мај. Пекинг и Будимпешта одржуваат добри односи, а Орбан беше единствениот лидер на ЕУ што присуствуваше на форумот „Појас и пат“, чиј домаќин беше Кина минатиот октомври.

Унгарија е дел од Кинеската иницијатива „Појас и пат“ (БРИ), огромен инфраструктурен проект во кој е вклучена Кина, која инвестира милијарди во инфраструктура и доделува заеми на многу земји во глобалниот југ, Централна Азија и делови од Европа.

фото: EPA-EFE/VIVIEN CHER BENKO

Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“

И СИРИЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Поднесе писмено барање за членство во моќната економска организација

И СИРИЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Поднесе писмено барање за членство во моќната економска организација

БАНКОМАТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ КЕШ: Банките се немоќни, еве што советуваат

БАНКОМАТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ КЕШ: Банките се немоќни, еве што советуваат

ЗАБРАНА ЗА ПЕЈЏЕРИ И ТОКИ-ВОКИ НА СИТЕ ЛЕТОВИ: Авиокомпанијата Емирати со ваква одлука по нападите во Либан

ЗАБРАНА ЗА ПЕЈЏЕРИ И ТОКИ-ВОКИ НА СИТЕ ЛЕТОВИ: Авиокомпанијата Емирати со ваква одлука по нападите во Либан

ИЗРАЕЛ ГО УБИ И НАСЛЕДНИКОТ НА НАСРЛА?: Не можат да го најдат

ИЗРАЕЛ ГО УБИ И НАСЛЕДНИКОТ НА НАСРЛА?: Не можат да го најдат

НОВА ЗАКАНА ОД РЕТКА, НО СМРТОНОСНА БОЛЕСТ: Вирусот Марбург има стапка на смртност од 88 проценти, еве што треба да знаете

НОВА ЗАКАНА ОД РЕТКА, НО СМРТОНОСНА БОЛЕСТ: Вирусот Марбург има стапка на смртност од 88 проценти, еве што треба да знаете