20 Декември, 2025
0.0407

Politico прогнозира дека Македонија нема да влезе во ЕУ до 2030 година

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2016 19:49

Добивај вести на Viber

Велика Британија може и да се обидува да ги напушти структурите на Европската унија, но се уште има најмалку 10 нации кои се борат за членство во Заедницата.

Златната ера на експанзија на ЕУ сепак е помината, коментира весникот Politico, цитирано од Focus-News. Што се однесува до Македонија, можниот датум за пристапување кон клубот на Брисел е одложен најрано за далечната 2030 година. 

Земјата има бројни меѓународни проблеми, а преговорите со ЕУ се болни. Грција се противи на името на земјата, што според Атина е израз на закана за територијалниот интегритет на нејзината област Македонија. Скопје има бројни спорови со Бугарија, а исто така и постојани проблеми ја ставаат под прашање демократијата и владеењето на правото во земјата.

Прогнозите за Молдавија исто така не се оптимистички: нејзината ѕвезда на знамето на ЕУ може да заблеска дури по 2035 година, при тоа шансата тоа воопшто да се случи е оценет на 50%. Молдавија има силни врски, сличен јазик и култура со Романија. Најголемиот минус сепак доаѓа од Транснистрија. Со помош на руско воено присуство областа најави создавање на република, која се стреми кон одвојување од Кишињев. Земјата е најсиромашни од сите потенцијални земји-членки на ЕУ, а минатиот месец нејзините граѓани избраа за свој претседател проруски кандидат Игор Додон.

Интересно е што во моментот експерти ги оценуваат како нулта шансите на Турција за членство во ЕУ. За Косово тие се 30%, но за пристапување кон Заедницата Приштина може да се надева по 2027 година. Во истата година ќе биде можно и членството на Босна и Херцеговина.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки