Polleo Sport со трета продавница во Македонија!
Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2017 17:17
Најголемиот ланец на продавници во југоисточна Европа за спортски суплементи, органска и здрава храна, фитнес облека и опрема, како и опрема за бокс и ММА, го најави отворањето на нова, трета продавница во Македонија.
Од 4 март љубителите на здравиот и активен живот ќе можат да купуваат производи од премиум брендовите во оваа индустрија и во Куманово, во делот познат како Скопски Дуќани. Познатите Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, Bad Girl, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta и Zoe Leggings се дел од понудата која што ќе се најде на полиците во новата продавница на Polleo Sport.
Основната мисија на компанијата е константно поместување на границите во борбата против лошите навики, преку едукација за важноста која што здравата исхрана и физичката активност ја имаат за водење на квалитетен живот без болести и прекумерна телесна тежина.
„Среќни сме што луѓето ја препознаа и ја прифатија оваа наша намера, приклучувајќи нѝ се во промовирањето на здрав и спортски стил на живот. Заедницата која што ние ја нарекуваме Polleo тим МК секојдневно расте, а ние правиме сè што е во наша моќ нејзините членови да бидат задоволни, затоа што на тој начин создаваме поздрави и посреќни генерации.“ – велат од Polleo Sport.
Со овој мотив во нивниот фокус, од компанијата обезбедија многу поволности за купувачите на денот на отворањето на новата продавница во Куманово -големи попусти, подароци и можност за добивање на Лав Клуб картички за лојалност кои овозможуваат купување со попуст во продавниците на Polleo Sport.
Повеќе информации за настанот: https://www.facebook.com/events/795166170621641/
Polleo Sport е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност. Долгорочните планови на компанијата вклучуваат многу активности за промоција на здрав и активен живот, и отворање на уште продажницентринизМакедонија.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




