Половина од кумановските земјоделци побарале државни субвенции
Објавено во: Агробизнис 06 Септември, 2013 19:58
И во текот саботите ќе биде отворена подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Куманово за да им се излезе во пресрет на земјоделците што сакаат да аплицираат за државни субвенции. За време на работните денови ќе се работи во две смени.
Досега 3.500 од нив, како од Куманово, така и од Липково и Старо Нагоричане поднеле барања за субвенции преку програмата за финансиска подршка на земјоделството за тековната година, информираа од кумановската подрушница на Министерството.
Со одлука на Владата беше одложен и рокот за поднесување на барањата за субвенциите до 20 септември .Исто така, информираа надлежните, земјоделците пак кои не ги подмириле обврските кон Водостопанство и надоместокот за пашарина тоа ќе може да го сторат и повторно да поднесат барања и да се пријават во подрачната единица Куманово, најдоцна до 31 октовмри 2013 година.
Досега повеќе од половина од вкупниот број на регистрирани земјоделци во кумановско аплицирале за државните субвенции.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





