Половина од младите се невработени и долго чекаат за прво вработување
Објавено во: Економија 01 Јули, 2013 21:32
Ако невработеноста во земјава е нешто под 30%, кај младите таа изнесува над 50 отсто, покажаа податоците на Државниот завод за статистика кој во соработка со Меѓународната организација на трудот (МОТ) направи истражување младите од 15 до 29 години. Според овие податоци, по завршување на училиштето, 75% од младите чекаат вработувања најмалку една година, а речиси 58% и повеќе од две години.
Истражувањето насловено „Премин на младите мажи и жени на пазарот на трудот во Република Македонија“ покажа дека кај младите од15 до 29 години , 32 % од невработените имаат само основно образование, 51 процент средно, а 13,4 % високо образование.
Според директорката на ДЗС, Благица Новковска анкетата требало да утврди колку лесно младите може да го направат трансферот од училиште кон работа. Според истражувањето, невработените млади се во три категории – 8,3 отсто не се вклучени ниту во образованието ниту на пазарот на трудот, 13,5 отсто се нередовно вработени, 24,5 отсто се невработени. Трите групи заедно сочинуваат стапка на недоволна искористеност на трудот од 46,2 отсто.
Новковска посочи дека техничките науки се поконкурентни на пазарот на трудот, зашто младите со општествени науки подолго бараат работа.
Истражувањето е дел од глобалниот проект „Работа за младите“ на Меѓународната организација на трудот и Мастеркард фондацијата, кое се спроведува во 28 земји.
Можеби ќе ве интересира
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега




