18 Декември, 2025
0.2603

ПОМАГАВМЕ НА СИТЕ, ЌЕ МУ ПОМОГНЕМЕ ЛИ И НА ДЕЛЧЕВО? Претседателот на ЗЕЛС ги повикува општините да се солидаризираат

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2023 15:57

Добивај вести на Viber

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ги повика сите колеги градоначалници да се солидаризираат со Делчево.
- Вознемирувачки и апокалиптични сцени пристигнуваат од Делчево од невремето со пороен дожд кое за жал, ги поплави речиси сите куќи во понискиот дел на градот и предизвика огромна штета.  Возилата пливаат во вода, пропаднати се улици и оштетена е подземната инфраструктура, а водата не е за пиење.Со еден збор, Делчево со соочува со можеби еден од најголемите проблеми од своето постоење и затоа потребни сме сега да се солидаризираме како тоа што сме го правеле секогаш во минатото!Без разлика на политичката определба, верска или било каква - наша обврска е да помогнеме.Како претседател на ЗЕЛС, ги повикувам сите мои колеги градоначалници во Република Македонија уште еднаш да ја покажеме својата големина и да помогнеме во санирање на штетите од поплавените подрачја на нашиот источен бисер – градот Делчево.А како градоначалник на општина Кисела Вода, веќе на следната седница ќе поднесам иницијатива од советниците за обезбедување на финансиска помош од минимум 300.000 денари.Сега е момент кога секој од нас, согласно своите финансиски можности, треба да ја покажеме својата солидарност и благородност, бидејќи нема поголем и повисок чин од хуманоста.  Сме се сплотиле секаде каде што било потребно, сега сме потребни дома.Ние не можеме против природните катастрофи, но можеме да помогнеме за Делчево и делчевчани! Во ова сме заедно!- напиша тој на Фејсбук.

ФОТО: фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми