16 Декември, 2025
0.0849

Помали плати за државните службеници во Грција

Објавено во: Балкан 08 Март, 2014 13:00

Добивај вести на Viber

Да ги намалат платите за новите државни службеници и да ги отстранат автоматските зголемувања на платите за Грците кои заработуваат минимална плата во приватниот сектор, ова го побара тројката меѓународни кредитори од грчките власти. Во разговорите меѓу грчката Влада и нејзините кредитори е направен напредок, но исчезнале сите надежи дека тројката на состанокот на Еврогрупата во понеделник ќе го презентира договорот за  т.н. ниво на персонал, пишува „Катимерини“. Во текот на дискусиите се додадени и нови прашања, а едно од нив е дека треба да се намалат платите за оние кои ќе влезат во државната служба првпат. Во моментов, нов вработен во јавниот сектор со универзитетска диплома заработува бруто плата од 1.090 евра. Добро упатени извори соопштиле дека  грчката Влада најверојатно ќе го прифати предлогот на тројката. Според весникот  тројката бара од Владата да го укине и автоматското зголемување на примањата за оние со минимална плата, која во моментов изнесува 586,08 евра  месечно. Од страна на тројката побарано е и воведување нова шема според која работодавците ќе можат да ги задржат работниците на иста плата без оглед на стажот. Според постоечкиот закон за труд, работниците кои заработуваат минималната плата добиваат зголемување на секои три години.        

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството