Добивај вести на Viber
Лани во градската каса ниту се собрале, ниту се потрошиле онолку пари колку што првично биле планирани. Според извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2014 година, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 64.958.966 евра, што е помалку за околу 24 отсто од првично планираните 84.957.642 евра.
Реализацијата кај даночните приходи е 44,8% , а на неданочни приходи само 7,2% , а кај капитални приходи реализацијата е 6%.
Во делот на вкупните расходи, лани се потрошени нешто повеќе од 64 милиони евра, што претставува реализација од 75,4% во однос на планираните расходи.
Бројките покажуваат дека минатата година потфрлување има кај вкупните капитални расходи. Во образложенитето од Градот Скопје се наведува дека учеството на извршените тековно оперативни расходи во вкупните расходи е 71,8%, додека реализацијата на капиталните расходи 28,2%.
Помалку пари од глоби и од такси, повеќе од данок на имот
И покрај минатогодишниот ребаланс во реализацијата во дел од приходите и расходите е регистрирано потфрлување. Во првите шест месеци од минатата година во касата на Град Скопје приливот на планираните приходи беше намален за 4 ,9 отсто, поради што градските власти направија ребаланс на Буџетот, бидејќи анализите покажале дека се очекуваат да се соберат помалку пари од даночните и неданочните приходи. Со реабалнсот се намалија парите што требаше да се потрошат за субвенции и трансфери, капитални расходи, отплата на главница. Со ребалансот се избриша ставката со која што беа предвидени пари за изградба на Подземната сообраќајница од Влада до комплекс Банки, откако Градот се откажа од изградбата со образложение дека се работи за многу скап проект, но се зголемија расходите за Градската куќа, изградбата на катните гаражи, и се додадоа нови нови ставки како снабдување со електрична енергија и вода за фонатаните. Наместо првично планираните 2,29 милиони евра за барокни фасади, Градот Скопје со ребалансот сумата се зголеми на 2,32 милиони евра, а градоначалникот Коце Трајановски, тогаш изјави дека градската управа не би можела да ги подмири трошоците за рефасадирање на зградите во централното градско подрачје и дека повеќе од 90% од средствата за оваа намена се обезбедиле од државниот буџет.
Според податоците од Извештајот за извршување на буџетот, Лани од глоби, судски и административни такси наместо планираните 178.861 евра во градската каса се собрале 145.303 евра. Намалување е регистрирано и кај приходите од такси и надоместоци, каде што наместо предвидените 1.626.016 евра се инкасирале 1.302.048 евра. Кај приходите од продажба на земјиште е регистрирано намалување за околу60 отсто, во ставката такси за користење и дозволи за вршење дејност приходите се намалени за 13 отсто. Според податоците, пораст е забележан кај приходите од данок на имот, односно наместо планираните 9.430.894 евра, во градската каса по овој основ се собрале 10.210.286. Ова според дел од советниците се должи на акцијата на Градот Скопје за присилна наплата заостанатите долгови на граѓаните и фирмите по основ на данок на имот. Акцијата беше спореведена минатото лето кога на илјадници скопјани им беа блокирани сметките поради заостанат долг за данок на имот.
Во делот на расходите во основниот буџет, лани потрфрлување има кај капиталните расходи за околу 45 отсто
Помалку пари се потрошиле за изградба на градежни објекти, купување опрема и машини. Ако се анализира прегледот на плаќања од основниот буџет и буџетот на кредити, може да се забележи дека за некои проекти за кои биле предвидени пари за реализација со Буџетот за 2014-та, сумата или е приближно колку планираното или е пониска, но има и ставки за кои во текот на годината не е потрошен ниту денар. Така иако било планирано не се искористени парите за проширувањето на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, реконструкцијата на булеварите Јане Сандански,Никола Карев, Цветан Димов, Благоја Стефковски, изградба на надвозници и пешачки мостови, систем за водоснабдување во делот на Нерези,изгардба на атмосферски и фекални канализации во дел од општините,реконструкција и доградби на објекти-фасади и друго. Приближна сума на пари колку планираните се искористиле за изградба на Градската куќа, изградба на катните гаражи Даме Груев и Мито Хаџи-Василев Јасмин, летно и зимско одржување на улици, реконструкција на улица Борис Трајковски, реконструкција на булевар Илинден, одржување на фонтани и споменици и друго.
Годинешниот Градски буџет во споредба со ланскиот е потежок за 14,8 отсто. На расходната страна догодна од градската каса најмногу пари или 42.670.439 евра ќе се потрошат за капитални проекти. Градоначалникот Трајановски кога се носеше годинешниот буџет изјави дека е развоен буџет, во кој ќе има проекти за сите и дека парите и проектите предвидени во буџетот имаат за цел само социо-економска благосостојба на граѓаните и развојот на градот. Опозициските советници годинешниот буџет го нарекоа буџет на раскош и луксуз, кој што нема да ги решава реалните проблеми на скопјани.
Ј.С