05 Декември, 2025
0.2044

Помалку пари за земјоделците во ребалансот

Објавено во: Агробизнис 01 Јули, 2016 08:48

Добивај вести на Viber

Со ребалансот на Буџетот, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на располагање ќе има помалку пари од првично предвидените. Со Буџетот за оваа институција беа предвидени 140,3 милиони евра, сега со ребалансот оваа сума е намалена на 125,4 милиони евра. При тоа кратење е извршено во речиси сите ставки, меѓудругото и во сумата предвидена за исплата на субвенции за директна финансиска поддршка на земјоделството и за руралниот развој. Сумата за финансиска поддршка на земјоделството од првичните 110,7 милиони евра, сега е намалена на 97,6 милиони евра. Парите предвидени за исплата на рурален развој од 26,7 милиони евра, со ребалнсот на Буџетот се намалени на 24,9 милиони евра. Од опозициската СДСМ обвинија дека Владата ги крати парите за земјоделците во година кога им се најпотребни, а за сметка на тоа се зголемуваат парите за одредени министерства. „Во последните 5 години, на земјоделците им се скратени над 140 милиони евра, пари за субвенции.Годинава се кратат многу пари за земјодлеците, кога коси болеста “Јазлеста кожа” и на повидок е млечна криза.Се кратат пари за земјоделците  кога раноградинарските култури се откупуваат по багателно ниски цени, кога 75% од оризот  се уште е непродаден.Власта во заминување со последниот ребаланс им го скрати и тоа на што последно се надеваа земјоделците – субвенциите за цели 15 милиони евра.Додека се кратат парите за земјоделците криминалната власт го зголемува буџетот на Министерството за внатрешни работи за 4,3 милиони евра“, изјави Сашко Поцков од СДСМ. Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Билјана Вуковиќ, за Фактор изјави дека со ребалансот ниту еден земјоделц нема да биде загрозен. „Ве уверувам дека исплатата на субвенциите тече и ќе тече по веќе утврдениот календар и ниту еден земјоделец не е загрозен со направениот ребаланс.Средствата со ребалансот ќе се одземаат од две програми, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството. Имено, првата програма поддржува инвестициски и инфраструктурни (патишта, канализации, водоводи, брани) кои по динамика на реализација на договорите се повеќегодишни и кои по обсежна анализа на Агенцијата и МЗШВ е утврдено дека нема да стигнат за наплата оваа година. Додека другата програма во зависност од пријавените барања за субвенции кај одредени мерки покажа дека има вишок на средства.Односно првично проектираните на почеток на годината во програмата се повеќе од она што го имаме како побарување од земјоделците. Следствено на тоа, соодветно е известено Министерството за финансии, и врз основа на тие податоци е изготвен ребалансот, со цел средствата да се насочат на сектори каде што има кусок.Агенцијата за финансиска поддрска на земјоделството и руралниот развој е апсолутно во состојба да ги сервисира доспеаните обврски спрема земјоделците и ниту еден земјоделец не е загрозен со ребалансот на Буџетот“, вели директорката на АФПЗР, Билјана Вуковиќ. Според образложението во ребалнсот, за годинава се одобрени 180.000  апликации за користење на финансиска поддршка во земјоделството, а за руралниот развој 1.800. Помалку пари и за Министерството за земјоделство Со ребалансот на Буџетот намалена е сумата за Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, од првично планираните 1,7 милиони евра на 1,6 милиони евра. При тоа во дел од секторите на оваа институција има намалување на сумите а во дел зголемување. Во делот за водостопанство намалени се сумите предвидени за Хидросистемот Злетовица од 1,3 милиони евра на 1,1 милиони евра. Сумата предвидена за Прогрмата за наводнување на јужн мдолина на Вардар од 5,5 милиони евра е намалена на 4,5 милиони евра.Помалку пари се предвидени и за секторот шумарство, земјишна политика и идентификација на парцели,интеграција во ЕУ. Од друга страна со ребалнсот зголемени се сумите за Државната Фитосанитарна управа, Заштита на растенија, семе и саден материјал, Подрачни единици на МЗШВ. Сумата предвидена за Агеницјата за поттикнување на развојот на земјоделството од Битола, со ребалансот ќе добие повеќе пари, односно првично предвидените скоро еден милион евра, сега се зголемени на 1,1 милиони евра. Повќе пари на располагање ќе има и Државниот инспекторат за земјоделство, од 1,9 милиони евра сега сумата е зголемена на нешто повеќе од два милиони евра. Т.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?