02 Мај, 2024
0.0266

Помало домашно производство, поголем увоз на храна

Објавено во: Агробизнис, Колумни 15 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Во вкупната вредност на увозот на Македонија, увозот на храна учествува со 10% (2013година) и 9,3% (2014 година), со вредности од 681,6 милиони долари (2013 година) и 685 милиони долари (2014 година). Покрај тоа, според извозот по стоковни сектори на стандардната меѓународна трговска класификација, групата храна е помеѓу десетте групи со највисока увозна вредност, а во податоците за увоз на поважни производи, се наоѓаат дваесетина производи од прехрамбениот сектор, со најголема вредност од над 40 милиони долари се производи за исхрана, потоа се суровини за шеќер и масло за јадење, па месо, пченица итн. Покрај овие причини со кои се поткрепува потребата за пратење и анализа на увозот на храна во Македонија е и фактот што во производството на храна македонските природни услови се неповолни за конкурентско производство (за сега) на многу важни производи и суровини (жита, сончоглед, шеќерна репа, некои видови месо) за кои се издвојуваат најмногу средства во увозот на храна. Пратењето и анализирањето на увозот на храна не треба да се прави само заради задоволување на стручната љубопитност, туку заради сериозни размислувања кај креирањето на аграрната политика на земјата, а со цел супституција на увоз со сопствено производство. Пратењето на количините на увезена храна во последните пет години покажува постојано зголемување и тоа во години кога земјоделството добива сериозна финансиска подршка над 100 милиони евра годишно, плус 15-25 милиони евра за рурален развој, потоа на располагање има средства од ИПРРД, како и постојано декларирање на Државата дека земјоделството и произовдството на храна многу и се важни. Вкупната количина на увезена храна во последните години се движи од 548,5 илјади тони до 649,6 илјади тони, а просекот од пет години е близу 600 илјади тони. Увозот на храна се зголемил од 2010 година до 2014 година за 9.8% (просек за 7,6%). Зголемениот увоз е резултат главно на две причини-зголемена потрошувачка на македонските граѓани и прехрамбената идустрија, но и помало домашно производство на определни производи. Движење на количините на увезена  храна во Македонија во тони
Показател 2010 2011 2012 2013 2014 Просек
Храна и живи животни вкуп.Базен индекс 548542100 568971103,7 649605118,4 600568109,5 602472109,8 590470107,6
-Живи животниБазен индекс 183100 377206,0 824450,3 625341,2 932509,3 588321,3
-Месо и преработки од месоБазен индекс 63199100 65313103,3 68350108,2 70324111,3 6132397,0 65702104,0
-Млеко, млечни производи и јајцаБазен индекс 28997100 32896113,4 35983124,1 31123107,3 2885399,50 31570108,9
-Риби, ракови и сл. и преработкиБазен индекс 7162100 7800108,9 674094,1 698097,5 692896,7 712299,4
-Жита и преработкиБазен индекс 182840100 203180111,1 260545142,5 189579103,7 189658103,7 205,160112,2
-Зеленчук, овошје и преработкиБазен индекс 73177100 83349113,9 84102114,9 89689122,6 86868118,7 83437114,0
-Шеќер, преработки од шеќер и медБазен индекс 103732100 8629283,2 10163798,0 10087497,2 7869875,9 9424790,9
-Кафе, чај, какао, зачин и преработкиБазен индекс 20084100 1921895,7 20393101,5 20877103,9 1884093,8 1988299,0
-Добиточна хранаБазен индекс 45680100 45959100,6 4553199,7 64590141,4 107893236,2 61931135,6
-Разни производи за исхранаБазен индекс 23489100 24587104,7 25500108,6 25907110,3 2247995,7 24392103,8
Највисоко зголемување на увозот се покажува кај живи животни, бидејќи во петогодишниот период обемот (тежината) на вкупно увезените живи животни е зголемена над пет пати. Овој податок покажува две работи: имено зголемен е увозот на високо продуктивни животни (крави и приходни свињи), но и тоа, дека немаме развиена селекција и производство на домашни приплодни грла за задоволување на домашните побарувања. Во структурата на вредноста на увозот на храна (вкупно) живите животни немаат големо учество, но не како со вредноста на увезената добиточна храна, која чини 38 милиони долари, а за последните пет години по обем е зголемен нејзиниот увоз за 2,4 пати. Оваа количина на увезена добиточна храна се однесува само на кабаста храна и готова добиточна храна, додека увезените жита за добиточна храна уште повеќе го зголемуваат обемот (и вредноста) на увезена добиточна храна и нашата зависност од увоз, бидејќи државата има погрешен однос кон овој проблем. Третата група увезени производи чија количина во 2014 година е зголемена, а е од значење (118, 7%), е зеленчукот, овошјето и преработките, а во однос на 2010 година нивниот увоз постојано бил поголем од базниот период. Ваквиот тренд е резултат на зголемено побарување и потрошувачка на јужно овошје, но и на дефицитарно домашно производство на некои видови овошје (круши, ореви, бадеми и друго.). Исто така тука е и недоволно развиената прехрамбена индустрија (преработка на овошје и зеленчук) со низок степен на финализација поради што потребите се задоволуваат од увоз. Опаѓање на увезениот обем на шеќер, преработки од шеќер и мед е забележително, бидејќи во однос на 2010 година, за изминативе четири години постојано било пониско, а во 2014 година опаднало на 75,9%, додека просечната увезена количина во однос на 2010 година има најмал индекс во споредба со сите други групи и изнесува 90,9%. Поради променливите увезени количини по години некои се повисоки од тие во 2010 години а некои се пониски, од интерес е да се анализираат средните вредности бидејќи се пореални отколку последната година од овој период (2010-2014г.одина). Според базниот индекс, индексот на просечните вредности покажува дека е зголемен увозот на месо, на млеко и млечни производи, на жита за десетина индексни поени повеќе отколку во 2014 година. И покрај некои позитивни тенденции, се уште зависноста од увоз на храна е многу голема. Бидејќи таа зависност се зголемувала потребна е брза и сериозна анализа на аграрната политика и креирање на таква која ќе придонесе да се зголеми домашното производство на дефицитарни производи, како и во преработките на прехрамбената индустрија и воведување на современи линии за повисок степен на финализација на домашната суровина. За недостатоците на аграрната политика денес, доволно е да се види каква е структурата на “производните сметки“ според официјалната статистика. Имено односот во вкупната вредност на земјоделството помеѓу растително и добиточно производство е 73,8% растително производство, а 23,2% сточарско производство, (3% неземјоделски секундарни дејности). Познато е дека добиточните производи се со повисока додадена вредност од растителните, а за македонското земјоделство од големо значење ќе биде зголемување на неговата вредност до учество во вкупната вредност на земјоделството од 35-40%, наместо сегашните 23,2%. Проф. Др.Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?