Помилуван од Иванов сега осомничен од СЈО: За што ќе одговара Жарко Луковски
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2018 07:10
Жарко Луковски беше директор на Т-Мобиле Македонија, а неговото име се споменуваше често додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Го поврзуваа со оф шор фирми, но конкретни истраги немаше се до вчера кога Специјалното Јавно обвинителство не го осомнични во случајот базни станици. Луковски е поврзан со ВМРО-ДПМНЕ и на друг начин. Имено негов кум е Сашо Мијалков, а тој беше и дел од луѓето кои претседателот Ѓорѓе Иванов ги помилува по што ескалираа протестите во земјава.

Во случајот кој вчера го објави СЈО, во 2011 година, осомничениот како главен извршен директор на Т-мобиле Македонија ја искористил положбата и на градежната компанија Бетон и овозможил да стекне имотна корист од 3,5 милиони евра со што им нанел штета на акционерите и на државата.
Според СЈО, Луковски во 2011 година побарал финансиска понуда од Бетон за легализација на нејзините базни станици, иако Т-мобиле Македонија поседувал соодветен тим на стручни и лиценцирани лица, кои и претходно работеле на утврдување на правниот статус на базните станици и тоа во износ од по околу 3.000 евра по објект.
„Нагласуваме дека ДГ Бетон како правно лице претходно никогаш нема давано услуги од овој вид, а во фирмата постоел само еден вработен со соодветното работно искуство.Сепак, набрзо ДГ Бетон ја известил компанијата Т-мобиле Македонија дека бараната услуга може да ја изврши, по што на 15 август до ДГ Бетон доставил конечна понуда од 9800 евра по објект, како и 2.500 евра за докомплетирање на документација за други стари базни станици.Станува збор за сума по базна станица која е за повеќе од три пати повисока во однос на таа за која истата работа можела да биде завршена од страна на стручниот тим на Т-мобиле Македонија,објави СЈО.
Луковски го склучил договороти на овој начин, ДГ Бетон се стекнал со имотната корист од над 3,5 милиони евра, додека акционерите, меѓу кои и државата претрпеле штета во приходи од неостварена дивиденда.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




