20 Април, 2024
0.0275

ПОМИНА РЕЗОЛУЦИЈАТА ВО ЕП: Европратениците бараат позитивна одлука за Македонија на следниот состанок

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Членките на ЕУ да ја поправат грешката која ја направија кон Македонија и Албанија со недоделувањето датум за отворање на пристапните преговори а за тоа денеска се изјаснија европските пратеници со 412 гласа ЗА, 136 против и 30 воздржани во Европскиот парламент.

Тоа значи дека резолуцијата помина а Европскиот парламент денеска нагласува дека двете земји ги исполнуваат условите за започнување на преговори.

-Парламентот изразува длабоко разочарување поради неуспехот да се договорат преговори за пристапување во ЕУ на Македонија и Албанија на самитот на ЕУ на 17 и 18 октомври-стои во текстот на ЕП.

Европските пратеници жалат поради потегот на Франција, Данска и Холандија да ја блокираат одлуката и велат дека нашата земја и Албанија вложиле значајни напори во послендите неколку години и ги исполниле критериумите на ЕУ за започнување на разговори за членство.

Фалејќи ги напорите на Северна Македонија да ги реши тешките билатерлани прашања со соседните земји, пратениците во ЕП иисто така ја поздравуваат неодамнешната реформа за правосудството во Албанија.

СТРАТЕШКА ГРЕШКА

Парламентот нагласува дека недоделениот датум на челниците на ЕУ е стратешка грешка која му штети на кредибилитетот на ЕУ и праќа негативна порака на други можни земји кандидати. Исто така би можела да им овозможи на други странски актери - чии активности можени не се во согласност со вредностите и интересите на ЕУ  - тесна соработка и со Албанија и со Северна Македонија-се образложува понатаму.

Реформата на процесот за проширување , која ја заговараат некои земји, не би требало да биде пречка за Македонија и Албанија, кои веќе ги исполнуваат барањата по сопствените заслуги и објективни критериуми, а не ги оценуваат домашните политички програми во други земји, стои во објавениот текст на сајтот на Европскиот парламент.

ВРЕМЕ Е ЗА ОТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИ СЕГА

Европратениците ги повикуваат земјите на ЕУ да се однесуваат одговорно кон Албанија и Северна Македонија и на следниот состанок да донесат едносгласна позитивна одлука. Како што се нагласува во заклучокот, Парламентот би требало да ги зголеми своите активности за поддршка на демократијата како би се осигурал дека националните парламенти на Западен Балкан ја играат својата улога како покренувач на демократски реформи.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите