ПОМИНАА ГОДИНИ ЗАД РЕШЕТКИ СО ОБВИНИТЕЛКАТА КОЈА И ОТВОРИ ПРЕДМЕТИ: Јанкулоска кажа во какви односи била со Катица Јанева во затворот
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2025 11:31
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во интервју на ТВ Алфа кажа дека дел од затворската казна ја помина истовремено со поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.
„По однос на нејзините чувства не би сакала да одговарам и да се произнесувам, можеби таа ќе има можност да каже, но можам да зборувам од мојата лична перспектива. Без оглед во кое опкружување ќе се најде човек, треба да остане доследен на сопствените стандарди на однесување. Јас и во таа средина се однесував кон сите, вклучително и кон неа со коректен однос на почитување. Имавме некаква нормална комуникација која е неопходна кога живеете во толку мал, мирко свет, но ниту со неа, ниту со било кој друг, не мислев дека е амбиент каде треба да градам меѓучовечки односи, пријателства или непријателства. Гледав побрзо да ми помине времето, да се борам за тоа што мене ми беше значајно и така ги поминав годините таму. За Катица, сигурно ќе добие можност самата да се произнесе. Не сме имале конфликт ниту некакви посебно блиски односи, сме имале секојдневна комуникација каква што налагале условите во кои двете се најдовме, а се најдовме во услови каде што буквално животот го поминувавме на еден метар оддалеченост“, рече Јанкулоска.
Во однос на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со експремиерот и азилант во Будимпешта, Никола Груевски, вели дека имале пропусти, но не како владата на СДСМ која дојде по нив.
„Факт е дека слабости имало, понекогаш и во екот на настаните некои работи не ги ни перцепирате, не ги согледувате, затоа што ве носи дневната динамика на проблеми кои треба да ги решавате, кои од денешна дистанца, со поголема професионална и лична зрелост можеби би ги направиле и поинаку, меѓутоа неспорно е дека владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше исклучителни резултати кои потоа беа неповторени. Какви и да биле слабостите, по замената на власта ние видовме многукратно поголеми слабости, многу поголеми злоупотреби од оние кои за нив беа „спектакуларни“. Видовме национални предавства, компромиси по сите прашања кои биле незамисливи во историјата на Македонија, така што, не беа слабостите клучната причина заради таа негативна енергија што се создаде, клучната причина беше спрега меѓу повеќе општествени чинители кои беа анимирани во една за нив повисока цел, односно промена на името, затоа што после толку години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, беше јасно дека по однос на одредени прашања може да се разговара, но има граници после кои не може да се премине. На сите им стана јасно дека и да се врши притисок после 100 години, позициите на таа структура во владата и во партијата има одредени граници што нема да ги помине, беше направена стратегија каде се направи страшна пропагандна машинерија и резултатот го видовме“, додаде Јанкулоска.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





