20 Декември, 2025
0.0463

Поминаа изборите во Теарце, мандатите познати: Што е на ред?

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016 10:02

Добивај вести на Viber

ДИК објави синоќа дека по повтореното гласање во тетовското село Теарце не дошло до промена на изборните резултати и распределбата на мандати. Според последните официјални резултати ВМРО-ДПМНЕ има 51 а СДСМ 49, додека албанксите партии заедно освоија вкупно 20 мандати.

Повторените избори на гласачкото место 2011 во Теарце поминаа мирно, СДСМ доби 245 гласа, стотина повеќе од ВМРО ДПМНЕ , што не е доволн да се промени односот на мандати во корист на таа партија.

По завршувањето на гласањето, двете најголеми спротивставени партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ објавија дека ќе формираат влада.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, по затворањето на избирачките места, рече дека резултатите од денешното гласање не менуваат ништо и дека СДСМ ќе формира Влада, која ќе воведе демократија во Македонија.

„Ова беше симболично гласање. Граѓаните на Теарце, како и сите гласачи во Македонија гласаа за промени и подобра иднина, без разлика на притисоците кои беа присутни“, рече Шилегов во Теарце.

Откако се појавиј и неофицијалните резултати од гласањето во Теарце, победа прогласи и ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски, истакнувајќи дека за таа партија изборите се завршени од 11 декември.

„Како победници на изборите остануваме посветени на идните чекори околу формирањето на новата влада“, соопшти партијата на екс премиерот Никола Груесвки кој планира да ја формира новата Влада.

Сепак, ниту една од најголемите партии не може сама да формира влада, за што е потребен најмногу 61 пратеник во парламентот кој има 120 места, тие сметаат на коалиција со партиите на Албанците во Македонија кои водат сметки за ставовите на САД.

Значи ниту една партија нема апсолутно мнозинство за да состави Влада.

Роковите почнуваат да течат

Според изборните рокови, најдоцна до 31 декември треба да се одржи конститутивната седница за избор на новиот состав на Собранието. Потоа, на 9 јануари, претседателот Иванов треба да му го даде мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата која има мнозинство освоени гласови.

Откако мандаторот ќе го предложи составот на новата влада и ќе покаже дека има мнозинство, на 16 февруари во Собранието треба да се гласа новата влада, за која треба да гласаат мнозинство од вкупниот број присутни пратеници.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки