05 Декември, 2025
0.0330

Помош за транспорт на земјоделски производи

Објавено во: Агробизнис 28 Ноември, 2012 14:38

Добивај вести на Viber

До крајот месецот сите откупувачи на винско грозје на регистрирано откупно место, можат да поднесат барање за користење на помош за транспорт на грозјето. Барањата се доставуваат до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а откупувачите односно фирмите треба да достават барање за исплата, тековна состојба на подносителот на барањето од Централен регистар, решение за упис во Регистарот на производители на вино, испратница за транспорт на откупено винско грозје до регистриран капацитет за производство на вино не постар од 15 ноември 2012 година и финансиски документ кој што докажува количеството, цената и сортата на откупено грозје. Од Агенцијата соопштуваат дека парите ќе се доделат за направени трошоци за транспорт на откупено винско грозје од регистриран откупен пункт до регистриран преработувачки капацитет за прозиводство на вино и тоа во износ според оддалеченост на отупниот пункт до винарската визба. Исплатата ќе се врши според следните критериуми: - до 0,30 денaри за килограм винско грозје за оддалеченост до 30 километри - до 0,60 денари за килограм за оддалеченост од 31 до 80 километри - до 1,00 денар за килограм за оддалеченост од 81 до 110 километри - до 1,20 денари за килограм винско грозје за оддалеченост над 111километри Корисниците на оваа подмерка треба да имаат откупено винско грозје на регистрираното откупно место по цена од минимум 10 денари за килограм за сортата Смедеревка и минимум 12 денари за килограм за сортата вранец. Пополнетите барањ треба да се достават ви Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?