19 Мај, 2024
0.0303

ПОМПЕО: Храбрите лидери Вучиќ и Хоти носат економски раст и работни места за своите граѓани

Објавено во: Балкан 05 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, нагласи дека храбрите лидери на Србија и Косово не само што им носат економски раст и работни места на граѓаните, туку и дефинираат нов тон на помирување на патот кон напредокот на Западен Балкан.

„САД упатуваа пофалби за претседателот на Србија (Александар) Вучиќ и премиерот на Косово (Авдулах) Хоти за историските договори постигнати во Белата куќа со широк спектар на прашања за нормализирање на економските односи“, наведе Помпео во писмена изјава по вчерашното потпишување договор меѓу Србија и Косово.

Тој додаде дека САД уште еднаш ја потврдуваат поддршката за тековните преговори меѓу Косово и Србија кон сеопфатно нормализирање на односите.

„Безбедноста, стабилноста и просперитетот на целиот Западен Балкан остануваат клучни цели на САД. Со поддршка на претседателот (САД, Доналд) Трамп, премиерот Хоти и претседателот Вучиќ направија големи чекори кон таа заедничка визија”, додаде Помпео.

Претходно Трамп ја поздрави „храброста на Вучиќ и Хоти“ и оцени дека договорот „ги прави нивните држави, Балканот и светот побезбедни“.

Вучиќ и Хоти вчера во Вашингтон во присуство на Трамп потпишаа договор наречен „Економска нормализација“, што има две верзии со разлика во последната точка, додека остатокот од текстот е идентичен, јави Бета.

Договорот предвидува заеднички инфраструктурни проекти, пристапување на Косово во мини-Шенген, спроведување студија за можноста за поделба на енергетските ресурси на езерото Газивода и диверзификација на снабдувањето со енергија на двете страни.

Приштина вети дека нема да бара членство во меѓународни организации следната година, а Белград вети дека нема да лобира за повлекување на независноста на Косово.

Со договорот, Србија се обврза да ја пренесе амбасадата од Тел Авив во Ерусалим до 1 јули 2021 година, а Косово на заемно признавање со Израел.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс