Понеделнички биланс: 83 новозаразени од помалку тестирани, четворица починале
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2020
Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Бројот на позитивни од вкупниот број тестирани изнесува дури 15,3 проценти. Од новозаболените во Скопје се 34, Куманово 3, Штип 6, Тетово 5, Струга 3, Велес 3, Охрид 1, Гевгелија 1, Струмица 5, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Берово 1, Валандово 5, Виница 1. Делчево 4
Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје кои имале 66, 88 и 62 години и еден од Тетово кој имал 73 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.873, бројката на оздравени пациенти е 15.487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.