Пописот покажа колку граѓани во Бугарија се изјасниле како Македонци
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2022 16:09
Според бугарскиот попис на населението, во земјата има 1.143 Македонци.
Во Софија денеска бугарскиот Национален статистички институт ги презентира податоците од пописот на населението реализиран лани. Освен Бугари, кои доминираат со скоро 85 проценти, како припадници на други етнички заедници се прикажани Турците и Ромите, а сите други, за кои не се соопштени податоци за припадноста, се прикажани во група „други“ кои сочинуваат 1,3 отсто од населението. На новинарско прашање кои се другите етнички групи, сосема на крајот беа спомнати Македонци и тоа дека такво „чувство“ изразиле 1.143 лица. Бугарската етничка група брои 5.118.494 луѓе, или тоа се 84.6 отсто од вкупното населени. Македонците од Бугарија постојано бараат да можат слободно да се изјаснуваат на пописите како Македонци, без да бидат заплашувани. При отворањето на бугарскиот клуб во Битола, бугарската потпретседателка Илијана Јотова рече дека во Бугарија нема Македонци.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




