Поплави во кумановско, неколку населби и села се под вода
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2013 11:31
По oбилните дождови, повеќе кумановски села села и населби сè поплавени. Како што информираат од општината, се излеа реката Кумановка во близина на населбата Средрека.
Граѓаните од овој дел на градот го информираа Регионалниот центар за управување со кризи со оваа состојба. Водата зафатила повеќе куќи во оваа населба и во соседните улици. Поплавени се и неколку куќи во Долно Којнаре и ул. „Никола Тесла“. Нивото на водата и на реката Којнарка е исто така зголемено, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.Речиси во сите три општини од Кумановско се излеале реките, вклучително и реката Пчиња која се излеа и поплави дел од куќите во селата Бељаковце, Довезенце и Јачинце.
Од Центарот информираат дека водата е излеана и во селата Доброшане и Супли Камен, а во општината Липково излеана е реката Слупчанка од која поплавени се куќи во Опае.
Во моментов во општината заседава општинскиот Штаб за кризни состојби и од таму најавуваат прес-конференција на која ќе ги соопштат мерките кои ќе се преземат во наредниот период
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




