Поплави во Словенија: Под вода повеќе стотици куќи, Драва и понатаму расте!
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2014 19:27
Поради силните дождови и надојдените водотеци во текот на изминатата ноќ во средишните и западните делови на Словенија водата продре во неколку стотици куќи, а на истокот дошло до излевање на Драва на подрачјето помеѓу Марибор и границата со Хрватска, објавија денеска словенските медиуми.
Поради поплавените патишта и клизишта многу места во Словенија се непроодни.
Според податоците на животната средина во Корушко нивото на Драва се зголемило и сега го спречува излевањето на реката Меже која во помала мера започнала да ги поплавува бреговите. Нејзинот проток на влезот од Австрија во Словенија во моментот е 1700 кубни метри во секунда и се очекува и понатаму да расте.
Многу се зголемени нивоата на реката во средна Словенија и приморјето. Поплавени се и повеќе куќи во Љубљана, Церкници и во општина Иг кај Љубљана. Според информациите на државната Агенција за животна средина нивото на реката Сава почнува да се смирува но и понатаму расте во делот кон Хрватската граница.
Поради опасноста од поплавите во Словенија и понатаму постои режим на подготвеност за околу 60.000 припадници на цивилната заштита.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




