05 Декември, 2025
0.0267

ПОПЛАВИ: Зошто не функционираат одводните системи во Македонија?

Објавено во: Агробизнис 12 Февруари, 2015 08:02

Добивај вести на Viber

Поплавите што изминатиов период ја зафатија Македонија предизвикаа сериозни штети. Поплавени се голем број имот, уништени се земјоделски површини, во некои делови има и угинат добиток. Штетите се милонски и допрва ќе се проценуваат. Граѓаните од критичните региони реагираат дека причината за ваквите штетите се со години несичистените одводни канали. Дали сегашната инфраструктура на одводните канали одговора на реалните потреби? Кои се причините за нефункционалност на одводните системи? Причините се многубројни, но најчесто се последица на лошо проектирање, лошо изведување и лошо одржување, вели во интервју за Фактор, професор д-р Ацо Гичев од Катедрата за Педологија, Хемија, Агрохемија и Мелиорации при Факултетот за земјоделски науки и храна . Фактор:Која треба да биде функцијата на одводните канали и колку нивното правилно функционирање е важно за земјоделството? aco_gicevПроф.д-р Гичев: Главната цел на одводнувањето на земјоделските површини е создавање поволни водно-воздушни услови во почвата за нормален раст и развој на земјоделските култури. На тој начин се остваруваат физиолошките ефекти на одводнувањето, односно навремена евакуација на излишната вода, аерација на почвата, како и евакуација на излишната сол (десолинизација) од почвата, доколку засолувањето се јавува како проблем. Фактор:Колку е важно одржувањето односно чистењето на одводните канали за ублажување на последиците од евентуални временски непогоди односно поплави? Проф.д-р Гичев: Во земјоделското производство има потреба од постојано зголемување на приносите. Поради тоа мора да се подобруваат условите за производство за остварување на таа цел. Бидејќи одводниот систем е еден од условите во реализацијата на таа цел, со тоа се наметнува барање за подобра функционалност. Меѓутоа, во нашата практика изградените одводни системи често пропаѓаат, се деградираат, наместо да се унапредуваат и усовршуваат. Постои уверувањето дека е доволно да се изгради одводен систем и со самото тоа проблемот е решен за сите времиња (слична психологија едно време владееше и при изградбата на патиштата). Се губи предвид дека земјишните канали и дреновите се многу осетливи објекти, подложени на деградација и оти треба перманентно да се одржуваат, усовршуваат и поправаат. Фактор: Кои се oсновни причини за нефункционалност на одводните системи проф.д-р Гичев: Причините се многубројни, но најчесто последица се на: лошо проектирање, лошо изведување и лошо одржување. Лошо проектирање настанува кога проектантот не ги користи современите достигнувања на науките и резултатите од истражувањата, поради што концепцијата на избраното одводнување може да биде погрешна. Тоа е особено актуелно во македонските услови, каде што е присутен вистински мозаик на земјишни, климатски и хидролошки индивидуалности, на кои концептот на одводнување мора да се приспособи. Освен тоа, можни се проектантски грешки од чисто технички карактер: ако падовите на каналите не се добро избрани (ако е поголем падот на спротиводниот, а помал на низводниот дел) може да дојде до ерозија и таложење во каналот. Фактор: Вие имате изработено цела научна студија на оваа тема, колку кои се вашите препораки како да се подобри функционалноста на одводните системи? Проф.д-р Гичев: Основната цел на одржувањето се сведува на создавање оптимален водно-воздушен режим во ризосферата. За остварување на таа цел е потребно:
  • сите делови на одводниот систем да се одржуваат во исправна состојба;
  • со мерење да се следат промените што влијаат врз водниот режим на ризосферата (пиезометри, влажност на почвата, врнежи, испарување и др.) и врз основа на тоа да се фаворизира или брзата евакуација или ретенцијата на водата и
  • систематски да се работи на подобрување на одводниот систем; во ост-варувањето на таа цел се разликува - тековно и реконструкциско одржувањ
???????????????????????? Фактор: Што е со тековното одржување на одводните системи, како треба да се спроведува? Проф.д-р Гичев: Во однос на тековното одржување, задачата се состои во спроведување мали работи на системот со цел да се одржи во исправна состојба.Со мерење да се следат промените што влијаат врз водниот режим на почвата и ургентно да се отстрануваат сите евентуални деформации кои би можеле да настанат. Во случај кога системот ќе дојде во нефункционална состојба, со помош на наведените мерки не може да се доведе во нормална функционалност, тогаш се пристапува кон реконструкција, односно, кон реконструкциско одржување.Во тековното одржување спаѓа:
  • Чистење на каналот од плевел, земја, отпадоци, пластична амбалажа, трупци и слично;
  • Обиколка на системот по силните врнежи заради контрола на функционирањето на кртичните места во системот (затнување на брани, пропусти, мостови, пороиштата и слично);
  • Чистење на отворите на одводи, мостовите и браните и замена на дотраените делови;
  • Поправки, стабилизација и затревување на косините и банкините на каналот
  • Уништување на мочуришната вегетација во каналите по механички и хемиски пат;
  • Обележување (исколчување на теренот) на водолежни локалитети по силните врнежи на дренажните системи;
  • Пречистување на дренажните цевки со воден млаз под силен притисок, доколку се исполнети со тиња;
  • Чистење на тињата на контролните шахти на дренажите;
  • Поправка на дренажата во текот на летото на местата кои во текот на влажните периоди биле означени со колци како критични;
  • Преглед на системот и подготвување за есенско-пролетно функционирање;
  • Противпожарни (превентивни) мерки ако се работи за тресетишта (пропаганда за внимателно ракување, забрана за палење, задржување на водата во каналите, изградба на изолациски канали, обезбедување противпожарни водни резервоари како и хемиски апарати за гасење на пожарот);
Фактор: Надлежните постојано излегуваат со информации колку километри одводна мрежа се чистат, годишно се издвојуваат стотици милиони евра за оваа намена,  но некако како да не се гледаат резултатите, еве сега тоа се потврди и со последните поплави, кој треба да понесе одговорност, граѓаните кои понекогаш ги користат каналите како контејнери или државата? Проф.д-р Гичев:Одговорноста ја сносат сите инволвирани страни во процесот на правилно искористување на одводните канали. Фактор: Колку инфратструктурата на одводната мрежа одговора на реалните потреби односно колку се оспособени за вакви елементарни непогоди ? Проф.д-р Гичев: Врз основа на забележувањата и искуствата здобиени во текот на тековното одржување, се прави перспективен план за подобрување, модернизација или целосна реконструкција на системот. За разлика од тековното одржување, кое систематски континуирано се проведува, реконструкцијата се изведува периодично, во долги временски интервали. Тука се поправаат грешките акумулирани во текот на подолг временски период, а се воведуваат и нови зафати заради подобро користење и функционирање на одводниот систем. Реконструкцијата се проведува кога е во прашање:
  • Поправка на крупни деформации утврдени со тековното одржување и изградба на дополнителни канали и објекти (ако каналската мрежа е плитка, треба да се продлабочи, црпниот капацитет да се зголеми, шмукателните органи на црпката да се спуштат и сл.);
  • Реконструкција на постојните објекти поради изградба на нови делови на системот;
  • Измена на начинот на одводнување (на пр. премин од системот на одводнување со отворени канали на дренажа);
  • Воведување наводнувачки систем во одводнувањето (комбинација на одводнување и наводнување) и
  • Модернизација на системот со воведување автоматика.
Фактор: Колку урбанизацијата и градбите во речните корита ја оневозможуваат нивната функција? Проф.д-р Гичев: Секоја не стручно консултирана урбанизација и градба ја оневозможува функцијата на  самото речно корито. Ј.С  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?