Добивај вести на Viber
Поплавите што изминатите денови го зафатија источниот регион од земјава предизвикаа сериозни штети во земјоделството. Многу површини со житарици, градинарски и овошни култури се комплетно уништени. Во критичните региони поплавите ги уништија и фармите, а дел од добитокот е изумрен. Земјоделците од овој регион велат дека најмногу штети поплавите предизвикале во лакавичкиот регион, каде посевите се стопроцентно инуштени.
-После поројните дождови состојбата навистина катастрофална. Некои ниви практично и не постојат веќе и на овој простор сите фарми што беа се униуштени, поплавени и дел од добитокот е изумрен, што значи последиците се навистина катастрофални. Нивите од лево и од десно на коритото на реката Крива Лакавица веќе не постојат, бидејќи се однесени а во поширокиот дел се поплавени. Што ќе биде не знаеме, од овошатрството и градинарството што беше посадено нема да има ништо, а житариците како ќе бидат треба да почекаме и да видиме.
Во карбинскиот регион исто поплавите беа големи но не беа толку разорни како во лакавичкиот регион. Треба да помине одреден период за да се видат последиците, но штетите се огромни.На нивите во лакавичкиот дел тешко дека ќе може повторно нешто да се сади, оти тие ниви таму не посотојат, однесени се од брзата река и надојдените води, а во карбинскиот дел има некои можности состојбата да се поправи но треба да се вложи многу и средства и труд за да се донесат во првобитната состојба. Во лакавичкиот дел нема што да се намалува, таму производството е уништено, таму веќе нема земјоделство. Ж
Додека во карбинскиот регион може да има нешто, но колкаво ќе биде производството ќе видиме кога ќе се повлече водата за да се види колкави ќе бидат штетите, дали воопшто посевите ги има , дали треба повторно да се сеат или може да се почека. Ако се житни култури може да се поправат, но градинарските култури нема никакви шанси, тоа се е пропаднато. Земјоделците треба да се обештат, но прво треба да видиме колкави се штетите, има и стопроцентно уништени посеви, фарми, добиток,
вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијација на земјоделци.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, во карбинскиот регион поточно во селото Козјак поплавени се 4 куќи и објекти на свињарска фарма во селото Таринци од излевањето на реките Брегалница, Кучишка, Радањска и Козјачка.
-Поплавени се и земјоделски површини но штетата ќе се утврдува. Ангажирани се вработени на ЈП Плачковица за оспособување на водоводите и на локалните патишта во општината. Поплавени се викендички, фарми и индустриски објекти по текот на рекатаКрива Лакавица на делот од клучката на 20-ти километар до вливот во реката Брегалница кај селот Софилари. Комисии за процена на штета се излезени на терен. Од ЕЛС Градско известуваат дека има излевање на р.Вардар во атарот на с.Виничани каде се поплавени мали површини земјоделско земјиште со пластеници и овошни насади. Општина Неготино изветува дека на мостот на р.Вардар во атарот на с.Пепелиште има наноси од дрва заради што се поплавени околните земјоделски површини, а во с.Војшанци на терен работи ангажирана механизација од ЕЛС Неготино и ЈП Комуналец. Во битолско кај с.Вашарејца има излевање на р.Црна Река према с.Тополчани од двете страни, при што се поплавени околу 300 ха од кои дел е обработливо а дел необработливо земјиште, стои во последното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Дел од патиштата во критичните региони се затворени за сообраќај. Многу земјоделски површини има уништено во општина Новаците порадо надојдувањето на Црна Река. Поплавите предизвикаа штети и во струмичкиот, гевгелискиот, прилепскиот и кумановскиот регион. Екипите на терен со механизација го расчистуваат теренот на местата каде што имаше излевања. Од Кризниот штаб најавја дека проценките на штетите ќе бидат направени што е можно побрзо.Надлежните информираа дека нивото на водите во реките се стабилизира, но дека очекуваат нови поројни дождови, поради што вниманието ќе се насочи кон малите акумулации.
Поплавите се последица на климатските промени, а штети трпи вкупната економија
Поплавите што и се случија на Македонија лани и годинава се резултат на климатските промени. Експертите велат ваквите чести поплави се несвојствени за овој период од годината, и укажуваат дека државата сериозно треба да се насочи кон подготовка на програми за справување со климатските промени.
-Сите овие случувања се резултат на климатските промени, кои што на различни начини се манифестираат, силни ветрови, обилни дождови, снегови или екстремно високи температури. Временските случувања се дури до толку непредвидливи што не може да се прогнозира што ќе се случи во следните неколку дена. Ние сме имале дождови во јануари и други години , не не и поплави. Постојат начини како да се ублажат последиците, како да се справиме и да ги заштитиме регионите од елементарните непогоди, и државата треа да вложува во тоа, вели агроекономистот Борис Анакиев.
Штетите од било какви елементарни непогоди се непроценливи, велат земјоделците. Земјоделското производство се намалува, а потоа тешко се обновува.
-Ваквите елементиарни непогоди многу лошо влијаат врз вкупното земјоделско производство. Од секоја елементарна непогода производството се намалува, штетите се големи и земјоделците тешко може да се опорават оти целиот труд е изгубен, има огромни штети што не може да се надокнадат никако, објаснува Шаклев.
Но не само во земјоделството, ваквите елементрани непогоди негативно влијаат врз вкупната економија, велат експертите.
Земјоделството е дел од економијата, така што негативното влијание на елементарните непогоди врз земјоделското производство, лошо влијаат врз вкупната економија. Но не е само земјоделството, од секоја елементарна непогода имаме уништена инфраструктура, што лошо влијае врз економијата. Во секој случај вообичаено најпогодено од секоја елементарна непогода е земјоделството. Се знае каде се јавуваат поплавите и зошто се јавуваат, и има различни начини на превенција. Од друга страна потребо е редовно да се одржуваат и чистат одводните канали и речните корита, да се прават каскади. Освен надлежните, на одржувањето на опдводните канали треба да внимаваат и жителите, вели Анакиев.
Зошто земјоделците не ги осигуруваат посевите?
Еден од моделот за амортизација на штетите од поплавите е осигурувањето на земјоделските посеви. Но и покрај тоа што државата покрива 60 проценти од трошоците за осигурителната полиса, сепак интересот на земјоделците е сеуште мал. Причината за слабиот интерес според земјоделците се несоодветните понуди за осигурување од страна на осигурителните компании.
-Очигледно дека треба да стекнеме навика за осигурување на земјоделските посеви и имотот. Но не сме само ние виновни , имавме неколку средби со осигурителните компании и со ресорното министерство и водевме една кампања да биде задолжително осигурувањето за сите посеви. Но не најдовме заеднички збор со осгурителните компании. Ние баравме да може да се осигура од поплави, пожари, град, измрзнување, но тоа не им одговараше на осигурителните компании.Тие поставија посебни услуги , они ни диктираа што да осигураме а што не , и тука се прекинаа разговорите. Ние сакаме по култури да биде осигурувањето, на соодветни култури соодветно осигурување. На пример во лозарството ние не сакаме да осигурување од пожар туку од град , од измрзнување, оти има рани мразови кои можат да го уништат лозјето и кои се многу чести за разлика од пожарот. Компаниите осигуруваат но не од тиа што сакаме ние, на пример од невреме не осигуруваат, затоа бараме различни осигурувања за различни култури. Сегашната состојба со поплавите мислам дека треба да биде едне нов поттик да се обноват преговорите и да размислиме во врска со осигурувањето , бидејќи државата 60 отсто од трошоците ги признава, вели Шаклев.
Статистиката во однос на осигурувањето во земјоделството е поразителна, само 4% или секој 25-ти го има осигурано родот.Од минатата година на земјоделците им е достапен нов тип осигурување. Моделот предвидува обесштетување за секоја култура поединечно според просечниот принос на ниво на општина. Со овој модел земјоделците имаат можност за осигурување на остварениот принос, односно евентуалните загуби предизвикани од временски непогоди како суша, поплава, земјотрес, мраз, пороен дожд или град ќе се мерат во однос на просечниот принос на ниво на општина. На овој начин земјоделците ќе добијат надомест на штета ако остварениот просек на ниво на општина е помал од договореното покритие на приносот што тие сметаат дека би го оствариле. Осигурувањето е еден од начините за ублажување на штетите што ги предизвикуваат климатските промени, кои според прогнозите негативно ќе влијаат врз македонскиот аграр, а најмногу на удар ќе бидат поледелството, овоштарството, лозарството и градинарството на отворено.Во еден од извештаите Светска банка предупреди дека сериозните тешкотии од глобалното затоплување може да бидат почувствувани во рамките на цела генерација.Извештајот го претставува загрижувачкото сценарио за следните години. Според светските научници ако светот се загрее дополнително за два степени целзиусов, што секако може да биде достигнато по 20-30 години, тоа ќе предизвика широко распространет недостиг на храна, невидени топлотни бранови и се посилни циклони.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: