30 Април, 2024
0.0281

Поплавите ги уништија земјоделските посеви, се чекаат резултатите од почвените анализи

Објавено во: Агробизнис 06 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Невремето што минатиот месец го зафати скопскиот регион ги уништи и земјоделски посеви во погодените региони. Според првичните проценки уништени се околу 1.000 хектари земјоделски ппсеви.Во овој период се чекаат резултатите од почвените анализи земени од погодените региони. Пред почетокот на есенската сеидба, поголемиот дел од земјоделците од погодените региони, оваа година ќе испуштат есенската сеидба. А оние чии посеви не се толку уништени треба да преземат сет мерки за прочистување на почвата. Со преземање на овие мерки, некаде за побрз временски период, некаде за подолг период според нашето мислење ќе бидат обезбедени услови за производство на безбедни земјоделски производи, вели во интервју за Фактор професор д-р Татјана Миткова од Факултетот за земјоделски науки и храна. Фактор:Каква е состојбата со земјоделското земјиште и со земјоделските култури во подрачјата погодени од невремето? 14046011_1063416843711919_1361166936753122498_nМиткова: Со поројната вода и поплавите не е зафатена целата земјоделска површина. Се проценува дека деградирани се не повеќе од 1000 хекатри. Состојбата со земјоделското земјиште е различна во одделните населени места според местоположбата, односно дали се тие во горниот, средниот или долниот дел на теренот зафатени со поројната вода и нешто како техничка непогода (како прелевање преку брана) под обиколницата.Лево и десно од местата каде поминала поројната вода нема оштетувања на почвата и земјоделските култури.Во горниот дел на теренот се забележува целосно еродирање на почвите, така што на одделни места се појавува супстратот, се забележува и големо присуство на механички елементи (скелет, крупни камења) кои поради силата на поројната вода се истркалани и останати на самата површина, во овој дел покрупните, и оние со помала димензија во средниот дел на теренот.Во средниот дел на теренот се забележува наносен материјал донесен од горниот дел на теренот со кој е покриено земјоделското земјиште. На различни места дебелината (длабочината) на наносот е различна (10, 20, 30, 40 санитемтри. Секаде каде се движела поројната вода е уништена инфраструктурата на земјоделците (пластеници, фолии, систем капка по капка) и исто така забележавме затрупување на бунарите (полнење со материјал/нанос). Затрупани се или однесени се земјоделските култури кои се одгледувани во овој дел: градинарски култури, јагоди, пченка, некаде и тутун, овоштарници. Поради конфигурацијата на теренот во најдолните делови се јавува лежење на водата на самата површина како резултат и на плитките подземни води. По повлекување на водата овде се забележува нанос од најситни честици (мил), чија длабочина и состав е различен. Земени се проби и за ова ќе има повеќе објаснување кога ќе бидат готови лабораториските анализи и од Лабораторијата за плодност на почвата и ѓубривата и од Лабораторијата по микробиологија. Фактор: Со оглед на тоа дека течат подготовките за есенската седиба, како треба да постапат тамошните земјоделци? Миткова: Мерките се различни во зависност од тоа колкава е деградацијата на земјиштето. Според мене има потреба од вклучување на експерти кои ќе предложат мерки за борба против ерозија и уредување на порои, пошумување на околните планини каде со уништување на шумите се допринело за ерозија на земјиштето со вакви размери, потоа за спроведување на теренски и хидротехнички мелиорации и слично.Еве што е потребно да се напарви : • Отстранување на донесениот скелет (крупни камења, чакал и крупен песок) на помалите површини: оваа мерка се врши рачно, а на местата каде наносот е поголем да се примени и соодветна механизација; • Донесување на илест, и илесто глинест материјал, каде што е одземен хумусно-акумулативниот (обработливот слој); • Примената на длабока обработка со мешање на слоеви со различни текстури, особено таму каде наизменично по длабочина се мешаат песокливите и илесто-глинестите слоеви, ќе овозможи со не толку големи инвестиции значително да се подобри продуктивноста на почвата; • Редовно внесување на органско ѓубриво, со цел да се зголеми однесениот хумус и едновремено подобрување на структурата на почвата; Редовно внесување на минерални ѓубрива, особено калиум, фосфор и азот, со цел да се зголеми плодноста на почвата (прецизни количини ќе се дадат по добивање на лабораториските резултати); • Основна обработка (орање) да се направи што е можно побрзо (пред зимата), на што поголема длабочина (30-35 cm) при што ќе се заора ситниот песок кој е останат на самата површина после повлекувањето на водата; • Да не се палат стрништата, да се заораат заедно со есенското длабоко орање, со плуг; • Спроведување на соодветен плодоред. Да се избегне одгледување на иста култура многу години на иста површина (монокултура) и да се воведат во плодоред фуражни култури или други култури за зелено ѓубрење. • Во делови од теренот над обиколницата и под неа сеуште се чекаат микробиолошките анализи за присуство или отсуство на патогени микроорганизми. • Во делови каде наносите се многу длабоки повеќе од 1m (некаде забележавме и целосно затрупување на насади со круши) потребно е отстранување на наносот со механизација и негово одложување на друго место (привремена депонија) од каде понатаму истиот ќе најде примена како градежен материјал за одредени активности. На овие места мерките за рекултивација се најкомплицирани и позитивните ефекти ќе се добијат за подолг временски рок. • Во некои делови сигурно ќе треба да се преземаат и други агротехнички и мелиоративни мерки за ревитализација на почвата за кои ќе треба и дополнителни истражувања. Фактор: Колкава е загаденоста на почвата во овие региони според вашите сознанија? Миткова: Претпоставуваме дека нема загадување со тешки метали со оглед на фактот што на теренот зафатен со поплавите нема индустриски објекти и активности од тој тип. Но, и за ова повеќе кога ќе ги добиеме податоците од анализите. Фактор: Дали се готови резултатите од анализите на почвата во погодените подрачја и што покажаа? Миткова: Анализите се во тек, некои се при крај, но одговорот ќе следи од кога сите параметри ќе бидат готови. Фактор: Дали е можно земјоделците од овој регион да ја испуштат оваа есенска сеидба и дали произџводите посадени на тие почви во иднина ќе бидат безбедни за употреба? Миткова: Има производители на кои им е уништена инфраструктурата во смисла на пластеници, фолии, систем капка по капка. Тие секако ќе треба повторно да инвестираат. Други во зависност од тоа во кој дел се наоѓа нивното земјиште според претходно одговорените мерки, ќе ги преземат. Следува фаза кога после обработка на почвата секој земјоделец посебно ќе треба да донесе во нашата лабораторија проби за анализа за да можеме прецизно да кажеме колку органска материја ќе внесуваат, со колкава количина на минерални ѓубрива ќе ѓубрат и слично. Со преземање на овие мерки, некаде за побрз временски период, некаде за подолг период според нашето мислење ќе бидат обезбедени услови за производство на безбедни земјоделски производи. Фактор: Генерално за сите земјоделци, колку е важно да се прават педолошки анализи пред седибата и дали на тоа земјоделците треба да штедат? Миткова: Не треба штедење. Трошоците за правење на почвена анализа се најмали во однос на останатите активности, а овозможуваат од старт да не се промаши инвестицијата која е голема посебно при подигнување на повеќегодишни насади. За среќа помладата генерација на земјоделски производители ја разбираат потребата од правење на анализи на почвата. Значењето на овие анализи е исто, споредено со значењето на темелите на една куќа или зграда, како сакате. Производителите од нас добиваат “дијагноза” за состојбата на нивната површина и за мерките кои треба да ги преземат во насока на правилен избор на култури кои ќе ги одгледуваат и за одржлив начин на искористување на почвата, со едновремена заштита на животната средина. Мислам, пред се на правилен избор и примена на ѓубривата, како и рационално трошење на водата за наводнување. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?