19 Декември, 2025
0.0427

Попоски доби порака од Брнс - Иванов да ја промени одлуката за мандатот

Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 17:35

Добивај вести на Viber

Како стратешки партнер и пријател на Македонија и со целосно почитување на нејзиниот суверенитет и унитарност, САД го повикува претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука, се вели во одговорот на Кејт М. Барнс, вршител на должност во Американската мисија во ОБСЕ упатен до министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Попоски е во Виена каде во седиштето на ОБСЕ се одржува министерски состанок со земјите членки. Тој одржал говор на состанокот, кој засега не е достапен за јавноста. Од Министерството за надворешни работи велат дека во текот на денот ќе биде објавено соопштение со повеќе детали за настанот. Попоски на својот говор добил одговор од Кејт М. Барнс, вршител на должност во Американската мисија во ОБСЕ, кој веќе е објавен онлајн и го пренесуваме во продолжение:

„САД испраќа добредојде до поранешниот министер Попоски во Советот и му се заблагодарува за неговите забелешки. Ние остануваме загрижени за политичката ситуација во Македонија и продолжуваме одблиску да го набљудуваме развојот на настаните.

Министре, вашето присуство овде демонстрира одговорност за грижите кои се искажани од САД и останатите партиципирачки земји во ОБСЕ. Ви благодариме за тоа што дојдовте и вашите искрени оценки.

Задоволни сме што политичките лидери во Македонија, вклучувајќи го и претседателот Иванов, министерот за надворешни работи Попоски и лидерите на сите парламентарни политички партии се сретна со генералниот секретар Заниер, за време на посетата на Скопје на 9 март. Тоа е важно за политичките лидери во Македонија да останат ангажирани со меѓународната заедница, како и за мирниот дијалог да продолжи во земјата.

САД и натаму се разочарани што претседателот Иванов одби да ја понуди можноста да се формира новата влада на парламентарците кои имаат јасно мнозинство. Ние продолжуваме да веруваме дека оваа акција не е во согласност со заложбите на ОБСЕ, основните демократски принципи и владеењето на правото. Како стратешки партнер и пријател на Македонија и со целосно почитување на нејзиниот суверенитет и унитарност, САД го повикува претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука.

Ние, исто така, бараме од Владата, политичките лидери и политички партии да се воздржат од напади врз организациите на граѓанското општество, да помогне да се обезбедат услови и поддршка за независни гласови и институции да ја извршуваат својата работа, и да се избегне реторика која ги разгорува тензиите. Во исто време, потребата за соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни останува итна во овој момент на зголемена политичка чувствителност во земјата.

Ние се придружуваме на повикот на генералниот секретар за Охридскиот рамковен договор да се спроведе во целост, и ја поддржуваме асистенцијата за Македонија понудена од страна на ОБСЕ, нејзините независни институции, и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

САД и понатаму ги повикува сите страни да ги стават интересите на Македонија и нејзините граѓани пред се друго, да работат конструктивно, и целосно да ги имплементираат сите нивни обврски од Договорот во Пржино. Решавање на актуелната политичка криза може да дојде само преку почитување на законите на Република Македонија и меѓународните обврски, и почитување на волјата на народот слободно изразена преку демократски процеси, вклучувајќи ги и оние врз основа на резултатите од изборите во декември 2016 година, и во духот на инклузивност и меѓуетничката соработка.

Заедно со нашите НАТО партнери и ЕУ партнери, САД продолжува одблиску да ја следи политичката ситуација во Македонија“, се вели во пораката на Кејт М. Барнс.

Извор: novatv.mk


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки