Попоски на средба со пратеници од Бундестагот - Поздравена поддршката од Германија
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 20:44
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со претставници на парламентарната Комисија за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, која престојува во дводневна работна посета на Република Македонија.
Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата со германските пратеници се разговарало за актуелните внатрешно-политички состојби во Македонија, економските врски помеѓу двете држави, како и за соработката за македонската интеграција во Европската унија.
- Беше нотирана принципиелната поддршка на С.Р. Германија за евроинтеграцискиот процес на нашата земја, како и посветеноста кон исполнувањето на реформите за членството во ЕУ и НАТО. Воедно, беше поздравена и досегашната улога и поддршката од Бундестагот, се вели во соопштението.
- Потребна е зголемена извесност за интегрирање во ЕУ ако сакаме мир и стабилност и во регионот и во ЕУ, истакнал Попоски. Тој, стои во соопштението, потенцира дека интеграцијата на Македонија е дотолку важна за земјата што по влезот во ЕУ, историјата би се делела на пред и по членството во Унијата.
Од пратениците е изразена благодарност за клучната улога што Македонија ја имаше во менаџирањето на мигрантската криза и спречувањето на илегалната миграција.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




