05 Декември, 2025
0.0453

Попова Шапка ќе им конкурира на Банско и Копаоник!

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2012 17:22

Добивај вести на Viber

Попова Шапка ќе прерасне во скијачки центар по европски терк, објави денеска Владата. Усвоен е мастер-планот за инвестирање во туристичкиот центар Попова Шапка, изработен од  реномирана меѓународна  компанија, која  вакви планови правела и за  најпознати зимски центри во светот.
Премиерот Никола Груевски вели дека планот ќе се реализира со инвестирање во три фази. Во првата „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) ќе инвестира 30 милиони евра во нова шестоседна жичарница, во нови патеки и проширување на постојните,  во поголеми паркиралишта и реконструкција  на главниот пат. Ќе има и други активности со кои ќе се дуплира капацитетот на туристи и скијачи на Попова Шапка.
Втората и третата фаза треба да го дадат целосно новиот лик на овој скијачки центар. Се најавуваат големи инвестиции за изградба на хотели и ресторани и за нив Владата на меѓународен оглас ќе побара концесионер.
- Ова е сериозна инвестиција во Попова Шапка. Целта е таа да стане еден голем европски центар за привлекување туристи и скијачи. Се внимава и на тоа  и во лето, кога нема снег, да има интересни содржини на Шапка. Мастер-планот дава сеопфатна содржина на активностите кои Владата заедно со потенцијални приватни партнери треба во иднина да ги прави, за Попова Шапка да прерасне во еден од најдобрите европски центри за скијање, изјави премиерот Груевски.
Инаку, во планот на Владата е и паралелно да инвестира во други зимски центри - за модернизација на скијачките центри во Крушево и во Пониква (подобрување на патеките и осветлување) се планираат околу 2,5 милиони евра. Во план се инвестиции и во  центарот Пелистер, како и во други зимски центри.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември