20 Декември, 2025
0.0471

Попова Узуновски за стресот: Да се живее на работ е тешко подносливо

Објавено во: Македонија 14 Април, 2018 06:25

Добивај вести на Viber

Невработеноста, мислата како да се преживее месецот, лошиот баланс меѓу приватниот живот и кариерата, неможност да се најде соодветен партнер се извори на стрес. Дора Попова Узуновски, психолог, м-р по клиничка и советодавна психологија и социотерапевт вели дека личноста која е изложена на стрес трпи терор и затоа е неопходно оваа негативна енергија да се канализира. Стресот може да биде причина за појава на многу здравствени проблеми.

Фактор: Сметате ли дека македонските граѓани се изложени секојдневно на стрес и кои се причините?

Се согласувам дека македонските граѓани се изложени на стрес, меѓутоа,сепак стресот е универзална појава и состојба која е присутна во секојдневието кај сите луѓе  насекаде во светот. Со тоа сакам да кажам дека не само македонските граѓани се тие што се посебно изложени на стрес, меѓутоа како народ можеби сакаме да веруваме дека имаме повеќе причини или изговори за да се држиме во оваа состојба.  Дури сметам дека стресот многу повеќе си го “наследивме“ од западните земји, во обид да ги следиме нивните чекори и да го прифатиме нивниот модел на живеење, иако вистината е дека сè уште не сме најподготвени да тргнеме по нив со полн ек, имајќи го во предвид, генерално, нивото на свесност кое го имаме. И сметам дека тука настанува внатрешен конфликт кај луѓето, кој несвесно се проектира надвор. Така, причините за стрес во нашето општество, се многубројни, но ќе се задржам на неколку главни со кои јас се среќавам секојдневно во мојата пракса. Имено, како прва причина ќе ја наведам невработеноста и  постојаниот недостаток на материјални средства се едни од главната причина за постојан стрес кај луѓето. Да се живее животот на работ, со постојана мисла за тоа дали ќе стигнат средствата за цел месец за да се задоволат егзистенцијалните и некои други потреби е навистина тешко подносливо. Тоа неминовно доведува до доживување на фрустрации кои го нарушуваат целосниот баланс во животот на личноста. Понатаму како важна причина го издвојувам и предизвикот во тоа да се направи баланс меѓу личниот и професионалниот живот. Луѓето поради ова, неретко се доведуваат во вистински емоционален хаос. Амбициите, желбите и очекувањата, долгото време во поминување на работното место создава незадоволство меѓу партнерите поради емоционалната лишеност на еден од друг. Потоа следи проблемот со пронаоѓање на совршениот партнер, како и семејните проблеми, кои повеќе сметам дека се јавуваат како симптоми или последици на претходните наведени главни проблеми.

Фактор: Која возрасна група е најмногу на удар?

Секоја возрасна група трпи одреден вид на стрес, карактеристичен за неа и сметам дека не постои баш само една возрасна група која е најмногу на удар. Денес стресот започнува дури од најраната, детска возраст, ако ги земеме во предвид обврските кои ги добиваат децата уште во градинка кои веќе не се засноваат само на играта, туку на многу активности кои бараат вложување напор и одговорност од децата. Потоа во училиште учениците се среќаваат со обемен материјал за учење кој треба да го совладаат, а сето тоа влијае фрустрирачки врз нив. Адолесцентите пак, кои се во раната развојна фаза на адолесценцијата треба да одлучат што ќе прават со својот живот, и честопати чувствуваат анксиозност поради тоа што сè уште не знаат што точно сакаат, а од нив веќе се очекува да ја градат својата личност во вистинската насока.  Адолесцентите во подоцната адолесценција се соочуваат со почетокот на тешкотиите и вистинските предизвици во животот и почнуваат да разбираат дека нештата не се така како што тие очекувале, па се случуваат првите разочарувања во врска со изборот на професија, вработувањата и партнерите.  Возрасните луѓе пак, како што беше претходно наведено, секојдневно се соочуваат со стресот на работното место, невработеноста, дисбалансот во семејството под стрес  и се разбира тука се и луѓето од третата доба кои имаат потреба од љубов, нежност и внимание, но кои се чувствуваат запоставено токму поради брзиот начин на живот на своите деца и внуци кои немаат толку време за нив, колку што тие би сакале.

Фактор: Има ли поврзаност меѓу стресот и депресијата?

Стресот е поврзан со сите  болести и состојби, вклучувајќи ги и психолошките и физичките. Тоа го нарекуваме психосоматика. Стресот бара способност за поднесување на притисок, а секој човек има различен капацитет за тоа колку притисок може да поднесе. И кога личноста ќе се најде во ситуација да треба да поднесе повеќе стрес од тоа што реално може, таа всушност трпи еден вид на терор, па има доживување дека ќе експлодира.  Желбата за експлозија се состои во тоа што таа посакува да се ослободи од притисокот  и да го напушти целиот товар што го преземала на својот грб.  Меѓутоа веќе преземената одговорност не дозволува такво ослободување. Тогаш личноста почнува да го поттиска тој наплив на енергија наместо да го изрази. На тој начин, таа огромна енергија несвесно ја врти против себе.  Тогаш личноста несвесно станува автодеструктивна и на тој начин полека почнува да ја развива депресијата или анксиозноста, но и некои други сериозни состојби, а неретко и физички заболувања.

Фактор: Како граѓаните да се ослободат од стрес?

Начинот на ослободувањето од стресот е индивидуален избор кај секого и повторно ќе речам дека се зависи од степенот на стрес кој личноста може да го поднесе.  Некои луѓе едноставно имаат навика само да почекаат стресот да помине, а со самото негово поминување веќе се чувствуваат порелаксирано. Од друга страна, луѓето кои многу повеќе или хронично се изложени на стрес, важно е да најдат некаков “издувен вентил“. Тоа може да биде физичка активност(попасивна или поактивна) во зависност од тоа што одговара на карактерот на личноста. Исто така е важно таа да умее да ги подреди своите приоритети. Луѓето честопати сакаат да преземат многу одговорности истовремено, и веруваат дека десет нешта може да бидат приоритет, но тоа не е вистина и резултатот е согорување или попознато како “burn out“ ефект.  Со подредувањето на приоритетите, се добива можност организирано да се завршат работите една по една, без притоа да се има чувство на хаос.  Важно е личноста да пронајде и свое хоби, да открие што точно сака и што навистина ѝ причинува задоволство или ја исполнува душевно. Бидејќи кога го правиме тоа што вистински го сакаме, колку и да изгледа дека е тешко, стресот се намалува или воопшто не е присутен. Понатаму посетата на стручно лице, како психолог или психијатар, исто така може да биде од голема значајност во совладувањето на стресот, бидејќи честопати луѓето и не се свесни за тоа како се донеле во таа состојба. Со работата на себе, низ процесот на психотерапија, личноста може да дојде до важни увиди за себеси и да научи како да ги постави своите граници.  

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки