16 Мај, 2024
0.0295

Поповски: НБРМ ќе треба да интервенира за слабите капитални инвестиции

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Домашните економски аналитичари велат дека ниската реализација на капиталните ивестиции го вклучува алармот.

Според професрот Никола Поповски првата половина од годината е секогаш со помала реализација на капиталните расходи, но сепак, како што посочува оваа година податоците укажуваат на алармантно ниско ниво кое не се должи на немање пари во буџетот бидејќи приходите се задоволителни.

„Тоа се должи буквално на слабата реализација на инвестициите или пак можеби на релативно добра реализација, но на неплатени обврски од државата што е помалку веројатно. Со ваква динамика постојат две опасности: прво вкупните инвестиции да се остварат на многу ниско ниво до крајот на годината и второ, исплатите да се концентрираат во ноември и декември, дури и во последните недели од годината што може да предизвика инјектирање на непланирана ликвидност во економијата со опасност за намалување на нивото на девизните резерви за што НБРМ ќе мора да интервенира со свои мерки, вели професорот Поповски.

Тој е категоричен дека, во целата гужва со посветеноста на власта кон преговорите со Грција и подготовката на референдумот мора да се најдат сили и вниманието особено на Владата да се насочи и кон економските проблеми.

„Нереализацијата на инвестициите нема многу директно и премногу да се одрази на вкупната економија, но во услови на отсуство на економски раст овие активности стануваат многу битни. Дополнително, некои сектори од економијата што со години се научени да функционираат врз основа на реализација на јавни програми можат да имаат и директна штета од ваквите состојби“, вели Поповски за Фактор.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025