05 Декември, 2025
0.2631

Попушти браната на Слатинско Езеро

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2013 23:00

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека во попладневните часови дојде до попуштање на браната на  Слатинското Езеро што придонело за зголемено истекување на вода од акумулацијата. Браната била претходно оштетена и нејзината состојба постојано се следи. На три лица кои живеат во околината на браната им е предложено привремено да се евакуираат од своите живеалишта за во случај оштетувањето да доведе до поголемо истекувањена вода.

Опасност од пробивање на водата и излевање нема, уверуваат надлежните од Центарот за управување со кризи и водостопанство „Охридско Езеро“ чии екипи се наоѓаат на терен. Се вршат проценки за штетата и за активностите што ќе се преземаат за спречување какви било несакани последици.

Според последните информации, нивото на водата во акумулацијата е под преливната шахта, односно под максималното ниво. Од безбедносни причини, односно заради интервенција на браната нивото на водата во езерото дополнително да се намали, тоа е единствено можно преку отворање на испустниот вентил што се наоѓа на дното на самото езеро. Заради тоа се очекува во текот на ноќта, најдоцна утре, на утро специјални екипи на Дирекцијата за управување со кризи да дојдат на местото и да го отворат испустниот вентил на акумулацијата.

Вработените од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и ја следат ситуацијата со истекувањето на Слатинската брана и се во состојба веднаш да интервенираат ако за тоа има потреба

Истекот на водата од Слатинското Езеро низводно оди преку Слатински чифлик и Издеглавско поле се до реката Сатеска, и на тој потег нема населени места што директно се изложени на опасност од поплавување, освен две куќи од кои само едната е населена. Од превентивни причини е побарана евакуација на тоа семејство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност