Добивај вести на Viber
Поради доцнење со исплата на грозје четири винарници ја изгубија лиценца за работа, соопшти денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски за време на својата посета во Неготино.
Тој повтори и дека со законот за лозарство и винарство точно се определени казните за оние кои нема докрај да ги испочитуваат договорите.
„Нема попуст за никој, тоа јас најодговорно го тврдам. Сите оние кои ќе се огрешат спрема законот и нема во одреден временски период согласно на законот да ги исплатат долговите кон лозарите, ќе се соочат со санкции. Во овој момент четир винарници се избришани од регистарот во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а против одговорното лице во една винарија покрената е и кривична пријава за давање на лажни изјава или нотарски акт дека е платено грозјето во целост“, истакна Коњановски.
За време на посетата во Неготино, Коњановски се запозна со расположливите локации во општината погодни за изградба на винарии и други стопански објекти за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи. Станува збор за 28 локации за изградба на винарници распоредени на 4 урбанистички планови, од кои 5 се веќе продадени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: